Регион
Лекар од Бања Лука силувал пациент по тешка сообраќајна несреќа

Основниот суд во Бања Лука го потврди обвинението против познатиот доктор од овој град Дарко Голиќ за кривично дело сексуално вознемирување на пациентот М.Ѓ.
Повикувајќи се на наоди од Обвинителството во Бања Лука, локалните медиуми пишуваат дека резултатите од истрагата потврдиле постоење на основано сомнение дека д-р Голиќ извршил кривично дело против 36-годишниот пациент М.Ѓ., инаку татко на две деца, кој бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Република Српска по сериозна сообраќајна несреќа.
„Преку вештачење на Институтот за судска медицина утврдено е дека ДНК на осомничениот Голиќ е пронајдена на повеќе примероци, и тоа на пациентот М.Ѓ, потоа на креветот на оштетениот, неговите очила, како и на пелените за возрасни“, соопштил неименуван извор од истрагата.
Обвинителството тврди дека врз основа на сите собрани докази произлегува оти на 19 јануари минатата година, од 19 до 22 часот, осомничениот д-р Голиќ, како раководител на Клиниката за анестезиологија, ревматологија, интензивно лекување и терапија при УКЦ на РС во Бања Лука, извршил обљуба на пациентот М.Ѓ, при што бил затекнат од двајца здравствени работници.
Според информациите, пациентот некое време бил во кома, од која се разбудил, но не можел да се одбрани од половиот напад бидејќи бил врзан за креветот, што е вообичаена постапка за спречување на самоповредување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Србија викендов делумно се затвора, рапиден скок на новозаразени од Ковид-19

Заврши седницата на кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од сабота во 12 часот, пренесуваат српските медиуми.
„В сабота сè ќе работи до 12 часот, а до понеделник, до 6 часот наутро, ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива“, рече членот на кризниот штаб, Предраг Кон, и додаде дека средните училишта од понеделник ќе бидат префрлени на часови преку интернет.
Тој исто така објасни дека се разгледува можноста и за часови преку интернет за децата од основно училиште, но дека предлогот не е прифатен.
Според него, театрите ќе можат да работат, закажани спортски настани може да се одржат, но без публика.
Како што наведува, в понеделник, сè ќе работи како и пред мерките донесени на денешната седница.
На прашањето дали следните два дена ќе имаат ефект, Кон вели – „Мислам, но нема да биде доволно“.
Тој додаде дека „единственото на што се потпираме е имунизацијата“ и нагласи дека имунитетот од вакцината е поголем од оној после болеста.
Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, рече Кон, додаде дека не сака да зборува за тоа што било зад вратите на состанокот.
„Сосема е сигурно дека имало размена и на енергични мислења. Резултатот е дека го имаме она што го пренесувам сега. Вторник е продолжение. Долгото затворање е тешка опција за Србија. Исто така е невозможно да не се реагира кога има зголемена активност на вирусот “, додава тој.
Регион
Прогласена вонредна состојба во три грчки региони поради неодамнешните земјотреси

Вонредна состојба е прогласена во три грчки региони, во централниот дел на Грција пренесуваат, грчките медиуми.
Регионите на Тирнавос, Потамија и Фаркадона, поради неодамнешните земјотреси, се под вонредната состојба која, според тамошните агенции, ќе биде во сила шест месеци од денот на настанувањето на земјотресот, односно до 3 септември.
Вонредната состојба е воведена по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардалиас.
Грчките весници пренесуваат дека вонредната состојба ќе им овозможи на жителите и општинските власти да имаат право на човечка помош и финансирање за реконструкција на штета на стотици домови и компании, како и делови од мрежата за патишта и водоснабдување.
Пред два дена централниот дел на Грција беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 6,3 и 5,9 степени.
Регион
Eвакуирано средно училиште во Хрватска, момче влегло со закана за бомба

Паника во Хрватска откако средно училиште било евакуирано поради дојава за бомба, јавуваат хрватските медиуми.
Според нив, младо момче околу 12 часот влегло во средното стручно училиште „Сисак“ со закана за поставена бомба.
Според непотврдени информации на хрватските медиуми, станува збор за помлад човек, син на воен ветеран кој го барал жупанот Иво Шиниќ.
Училиштето било евакуирано, а младиот човек кој се заканувал се забарикадирал во него. По драмата што траела околу еден час, младото момче и се предало на полицијата.
По заканата, полицијата го опколила училиштето, а на лице место излегол министерот за одбрана, Томо Медвед.
На местото на настанот бил испратен и преговарач од антитерористички оддел .
Директорот на стручното училиште во Сисак, Ивица Белоглавец, за локалните медиуми изјави дека поради новонастанатата ситуација нема да има смена на пладне.
Хрватските медиуми потсетуваат дека слична драма се одвиваше и во Загреб, каде што една жена се закануваше со бомби во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“