Регион
Лидерот на Самоопределување: Косовската химна е чудна, а знамето грешка

Химната на Косово се вика „Европа“ и нема текст, а знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска, изјави лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на „Т7“, посветена на изборите.
Зборувајќи за прашањето на знамето, симболите и химната на Република Косово, Курси истакна дека како премиер е природно да ги почитува тие симболи, пренесува „Косев“.
„Не заборавајте дека химната се вика Европа и дека нема текст. Тоа е чудно. Се разбира, јас сум за тоа да се додаде текст во оваа химна, но тоа мора да се направи во согласност со нашиот устав,“ рече Курти.
„Како премиер, се разбира, дека ќе ги почитувам, но би требало да имате на ум дека јас сум лидер на Самооопределување и ги претставувам и оние вредности што се големи за нас. Не е химна на Албанија туку на сите Албанци. Знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска. Знаеме дека беше грешка, но сега можеме само да го признаеме тоа,“ посочи тој.
Во истата емисија Курти зборуваше и за обединување со Албанија тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи, но додаде дека тоа денес е невозможно.
„Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанија“, наведе тој и додаде дека партиите, пред сè, се фокусирани на опстанок на државата Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Воз прегази мигранти кои спиеле на шините на патот кон Солун

Воз кој сообраќал од Драма кон Солун рано утринава прегази тројца мигранти кои спиеле на шините.
Несреќата се случила во близина на Драма, гратче кое се наоѓа недалеку од Кавала.
Надлежните потврдија дека несреќата се случила, а жртвите најверојатно се странски државјани, илегални мигранти.
Се претпоставува дека во текот на ноќта легнале на железничките шини да спијат, пренесе Телеграф.рс.
Регион
(Видео) Авион на „Визер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на Скијатос

Авион на „Визер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос.
На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот.
Но и искусните во вакви ситуации не биле подготвени за слетување на „ербасот“ на компанијата „Визер“ кој им поминал точно над главите и едвај ја прелетал заштитната ограда на аеродромот.
Авионот слетал безбедно и нема повредени. Бидејќи пистата на аеродромот на Скијатос е релативно кратка, пилотите мора да ѝ пријдат што е можно пониско за да застанат.
Околу аеродромот има предупредувања дека пристапот е забранет, но луѓето, како што може да се види на видеото, главно ги игнорираат, пренесува Блиц.рс.
Wizz Air A321 low landing in Skiathos ????✈️
???? ErinGC2002 pic.twitter.com/cbyqUDhhYH
— Aviation World (@aviationworld00) August 6, 2022
Регион
Се огласиле сирените за тревога во Сараево, граѓаните во паника

По грешка на сараевската Општина Центар, денеска напладне се вклучиле сирените за тревога, што вознемирило многу граѓани.
Сараевската телевизија N1 објави дека оперативниот центар на Цивилната заштита на кантонот Сараево појаснил дека тоа е вина на Општина Центар. Оперативниот центар набргу потоа бил преоптоварен од повиците на граѓаните во врска со овој случај.
„Ја известуваме јавноста дека сирените се огласени по грешка, без потребното соопштение и предупредување. Сирената беше програмирана да се огласи минатиот месец, односно на 11 јули во 12 часот во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница. По грешка програмата за овој месец остана иста“, изјавиле од тамошната Општина Центар.
На граѓаните им порачале дека нема причина за загриженост.