Регион
Маж паднал во отвор од лифт во Србија
Утрово, околу 10.30 часот. се случи тешка несреќа во Нови Пазар. во која животот го загуби 21-годишен млад човек, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, младиот човек бил работник на градилиштето на зграда.
Несреќата се случила при изведување работи кога младиот човек од засега непознати причини паднал од височина.
Како што пренесува „Информер“, младиот човек паднал во отворот на лифтот на зградата во изградба.
На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт на работникот.
Полицијата набргу пристигнала на местото на несреќата и почнала увид, а работите на градилиштето биле прекинати. Сè уште се чекаат официјални информации за околностите на оваа трагедија, наведува медиумот.
Трудовата инспекција е вклучена во истрагата за да се утврди дали на градилиштето се запазени сите законски безбедносни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Мајка влезе со своето дете во реката Сава, на жената и е пружена помош, хрватската полиција со дронови трага по девојчето
Хрватската полиција и другите служби утрово ја продолжија потрагата по дете во реката Сава, која синоќа околу 21 часот беше прекината поради лошите временски услови.
Како што објави хрватски Индекс, покрај полицијата, на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), пожарникари и цивилна заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.
Загрепската полиција вчера соопшти дека интензивно го пребарува коритото на реката Сава во Загреб во потрага по дете чија мајка била спасена од реката.
Полицијата извести дека мајката им рекла дека во средата околу 16 часот и 10 минути во близина на мостот Јанкомир влегла во реката Сава со своето дете во рака.
На мајката и била укажана лекарска помош, додека „се вршат интензивни мерки за пребарување во насока на пронаоѓање на детето“, информираше претходно полицијата.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Голема потрага во Црна Гора, исчезна Ивона: „Таа е прекрасна мајка“
Службениците на Црногорската полициска управа интензивно трагаат по Ивона Савиќевиќ, самохрана мајка на девојче, која исчезна на 13 јануари во Подгорица, пишува Вијести.ме.
Савиќевиќ е родена 1983 година, а последен пат била видена во местото Штеке, кога возела металик сина „опел антара“. Носела портокалово-црна јакна, црни хеланки и црни чизми.
„Полицијата апелира до граѓаните доколку го забележат ова лице или возилото што го управувала кога исчезнала, како и други информации или сознанија кои можат да придонесат за нејзино пронаоѓање, да пријават во полиција на 122 или на најблиската полициска станица. Секоја пријава може да ја поднесе граѓанин и анонимно“, се вели во полициското соопштение.
Според полицијата, во потрагата ќе бидат вклучени технички можности, како и полициски хеликоптер. „Вашата помош и соработка во вакви ситуации се од суштинско значење, бидејќи секоја информација, без разлика на нејзината големина или релевантност, може да биде клучна“, додаваат од полицијата.
Во потрагата се вклучија и пријателите на Ивона.