Контакт

Регион

Мајката на малата Катарина, која ја уби Коста: „Најдов лист со нејзина порака, неговите родители знаеле дека син им има проблем“

Објавено пред

На судењето на родителите на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, зборуваа и родителите на Катарина Мартиновиќ, девојчето кое беше една од жртвите на масакрот. Тие, како и родителите на убиените Ана Божовиќ и Андрија Чикиќ пред нив, раскажаа низ што поминале на 3 мај, но и потоа, пишува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе помислам на 3 мај, реченицата ‘Се ќе биде во ред’ е реченица што веќе не можам да ја кажам. Излегов од станот со средната ќерка тоа утро со токму таа реченица. Во чантата ставив шише вода и неколку бисквити кои Катарина ги направи претходната вечер. Мислев дека дефинитивно ќе и требаат“ вели Миљана, мајката на убиената Катарина.

Таа рече дека утрото отишла на училиште знаејќи дека има повредени, но не и „масакирани“.

„Мислев дека можеби некој „врачарски клан“ пукал или некој друг клан и дека заскитан куршум ја погодил Катарина“ рече таа.

„Сликата и ја испратив на мојата пријателка, докторката, за да ја препознае. Ми се јави и ме праша за бојата на очите и рече дека девојката што е во болница има сини очи. Реков дека не е таа и да ме извести дали има повеќе информации“ вели мајката на убиената Катарина.

Раскажа и дека на кобниот 3 мај не ја видела ќерка си бидејќи работела цела ноќ.

„Последно на што се сеќавам е силната прегратка што ни ја даде пред спиење“ рече таа и додаде дека кога излегувала од Тиршова, полицаецот и рекол дека има и жртви.

„Тогаш почнав да трчам кон училиштето. Имав нагон да го пробијам полицискиот кордон за да стигнам до моето дете, да видам што се случило со ќерка ми, но ме спречи тоа што имаше 30 полицајци. На сите би ни значело многу кога би знаеле што се случува внатре. Тие четири часа ни беа како цела вечност“, рече таа.

Како што додала, додека била пред училиштето го оставила телефонот да се полни во локалот до него, а кога влегла во 12:34 часот видела дека некој и се јавил во 12:12 часот.

„Веднаш заѕвонев, потоа ми се јави полицаец и ми рече да дојдам во полицијата. Одбив, реков дека не сакам да дојдам, но тој ми рече дека морам. Кога влегов на вториот кат, инспекторот што беше таму рече дека тоа што ќе ни го каже ќе биде најтешката работа што ќе ја направи. И таму ни кажа дека детето ни е убиено. Потоа се вративме пред училиштето за да ѝ кажеме на другата ќерка, која беше напред, што се случило“, рекла мајката на Катарина.

Како што вели, Катарина имала 12 години и 9 месеци кога ја убиле и со нетрпение го чекала 13. роденден.

„Не спиевме во нашата куќа по 3 мај. После тоа, кога отидов во станот да земам некои работи, испадна листот што го оставила Катарина. Мислев дека тоа е некаков знак. На парче хартија пишуваше: „Те сакам најмногу на светот, Ката“ и нацртала срце. Мојата Ката често оставаше пораки кои сега љубоморно ги чувам од сите“, вели мајката на девојчето.

Мајката на убиената Катарина изјави дека нејзината ќерка не се дружела со момчето убиец, а дека прво помислила дека нешто не е во ред со него кога на 28 април на Катарина и ги испратил задачите што ги работеле на училиште.

„Катарина ме замоли да и помогнам бидејќи не разбираше што пишува. Првиот знак дека нешто не е во ред со него беше неговиот неуреден ракопис“, изјавила мајката на девојчето.

Како што раскажала, она што го дознале од разговорот со другите деца е дека за време на роденденските прослави Коста не се дружел со никого и не разговарал.

„Или бил чисто зло или имал некаква дијагноза, а неговите родители знаеле дека има проблем и не сакале да кажат дека на нивниот син му е потребна помош“.

„Во четири ѕида барем да ни кажеа“, вели таа.

Тужбата за која денеска се одржуваше рочиштето е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.

Регион

(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите

Објавено пред

Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.

dobivaj vesti na viber

До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.

Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.

Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.

Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.

Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.

Прикажи повеќе...

Регион

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници

Објавено пред

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.

dobivaj vesti na viber

Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.

Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.

Прикажи повеќе...

Регион

Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска

Објавено пред

Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.

Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.

„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.

Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија14 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија14 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија16 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија16 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет17 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија1 ден

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...