Контакт

Регион

Мајката на момчето убиец од Белград бара тој да продолжи со образованието: испратила писмо во кое масакрот не е спомнат, објавија српски медиуми

Објавено пред

Мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се обратила до институциите со барање да се реши прашањето за дообразовањето на своите две деца. Мајката на Коста К. во писмото со ниеден збор не го спомнала масакрот во „Рибникар“, туку апелира за помош наведувајќи дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена, објави „Блиц“.

Во писмото, кое, според Блиц, е многу кратко, мајката на момчето што уби девет ученици и чувар наведува дека „прашањето за задолжително основно образование за нејзините деца е отворено“. Таа напоменува дека помалата ќерка, која учела во истото училиште со Коста. К, не може да го продолжи образованието во „Рибникар“, а син ѝ е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Мајката на момчето убиец барањето го испратила пред неколку дена.

Според „Блиц“, момчето убиец нема да биде пуштено од Клиниката, а неговата доедукација ќе се одвива според прописите. Бидејќи основното образование во Србија е задолжително со закон, индивидуалната настава ќе се посетува онлајн, според условите за хоспитализираните деца.

Во текот на неделата треба да се знае дали ќе има одредени промени, како и каков точно ќе биде моделот на школување на момчето што уби девет врсници и еден чувар.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт4 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт4 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт4 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт4 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет4 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија6 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет6 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника6 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...