Регион
Мигрантските кампови на грчките острови под строг режим поради коронавирусот
Центрите за прием на мигранти на неколку грчки острови се ставени под двонеделна блокада оваа недела со цел да се намали ширењето на коронавирусот, пренесува „Катимерини“.
Строгиот режим на движење ќе се однесува на сите посетители и волонтери, како и на персоналот на организации и невладини организации што работат со мигранти. Услугите во прифатните центри, како што се училиштата и другите објекти, исто така ќе бидат прекинати.
Грчкото Министерство за миграција ги објави мерките во вторникот, на мигрантите ќе им се укажува да не ги напуштат прифатните центри, а се очекува санитарните услови да бидат подобрени во камповите.
Строгиот режим доаѓа само една недела откако островот Лезбос, кој е домаќин на озлогласениот мигрантски камп „Морија3, го забележа својот прв потврден случај на коронавирус. Мигрантскиот камп „Морија“ исто така забележа голем пожар претходно неделава, што доведе до смрт на шестгодишно дете.
Насилните инциденти ескалираа на Лезбос во последните денови бидејќи Турција одбива да ги затвори портите кон Европа.
Невладината организација „Лекари без граници“ ја повика грчката влада да ги евакуира мигрантите од островите наместо да ги стави под режим тврдејќи дека лошите санитарни услови во преполнетите кампови се совршени услови за ширење на вирусот.
Д-р Хилде Вохтен, грчки медицински координатор на ММФ, ја коментира ситуацијата велејќи: „Во некои делови од логорот ‘Морија’ има само една чешма со вода за 1.300 луѓе и нема сапун. Семејства од пет или шест луѓе мора да спијат на места помали од три квадратни метри“.
„Ќе биде невозможно да се контролира евентуалната појава на вирусот“, рече д-р Вохтен. „Со оглед на немањето соодветни санитарни услуги и строго ограничената медицинска нега, ризикот од ширење на вирусот кај жителите на камповите во Грција е исклучително голем“, додаваат од невладината организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

