Регион
Митрополитот Порфириј е новиот патријарх на Српската православна црква
Нов патријарх на Српската православна црква е поранешниот митрополит на Загреб и Љубљана, Порфирије Периќ. Тој е 46. по ред патријарх на СПЦ.
Ова беше крај на фазата на тајно гласање меѓу епархиските и викарни владици, кои се собраа денеска во храмот Свети Сава за да изберат нов поглавар на Српската православна црква, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите од таму, пликови со имињата на тројцата кандидати за нов патријарх биле ставени меѓу страниците на Евангелието, од каде што монахот Матеј од манастирот Сисојевац го има извлечено пликот со името на новиот патријарх.
Профирије Периќ е роден на 22 јули 1961 година во Бечеј. Посетувал студии по археологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Наскоро започнал да учи на Богословскиот факултет на Српската православна црква, каде што дипломирал во 1987 година.
Пред тоа бил поставен за монах во манастирот Дечани, а по дипломирањето на факултетот заминал на постдипломски студии во Атина, каде што останал до 1990 година.
Со благослов на епископот Бачки Иринеј, на 6 октомври 1990 година заминал во манастирот Ковиj. Таму, на 21 ноември 1990 година бил поставен за јеромонах.
На својата редовна седница во 1999 година Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за заменик владика за Јегар во епархијата Бачка.
Ја одбрани докторската дисертација „Можноста за познавање на Бог кај апостол Павле според толкувањето на Свети Јован Златоуст“ на Богословскиот факултет на Универзитетот во Атина (2004) година.
Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за митрополит Загреб и Љубљана на својата редовна седница на 24 мај 2014 година.
Ова беше крај на фазата на тајно гласање меѓу епархиските и викарни владици, кои се собраа денеска во храмот Свети Сава за да изберат нов поглавар на српската црква.
Според информациите од српските медиуми, пликови со имињата на тројцата кандидати за нов патријарх биле ставени меѓу страниците на Евангелието, од каде што монахот Матеј од манастирот Сисојевац го извлече пликот со името на новиот патријарх.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

