Контакт

Регион

Могерини: Штом Приштина ги укине царините, ќе повикам нова рунда разговори

Објавено пред

Високата претставничка на ЕУ, Фредерика Могерини, изјави на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк дека царините што владата на Косово ги воведе за увоз од Србија мора да се стават надвор од сила и дека штом царините бидат укинати, ќе повика на нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

Целта на дијалогот, според неа, е да се постигне правнообврзувачки договор кој мора да понуди решение за сите отворени прашања и да доведе до целосна нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Договорот треба да добие поддршка од Советот за безбедност на ОН и за него треба да се договорат исклучиво двете страни во дијалогот – Белград и Приштина.

Регион

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Објавено пред

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што Мета ја дал за косовската РТВ21, дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји, но и за целиот регион, затоа што тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или забави сите процеси на европеизација.

Според него, иако Албанија меѓу првите ја признала независноста на Косово, сепак, не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, затоа што на тој начин „би ја кршела независноста на косовската држава“.

Прикажи повеќе...

Регион

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Објавено пред

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја даде изјавата во пограничниот град Шопрон, првиот во кој пред 30 години беше отстранета „Железната завеса“.

„Ако ги погледнете работите геостратешки и ја погледнете картата, Европа навистина ќе биде обединета со државите од Западен Балкан“, изјави таа пред новинарите.

Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија имаат кандидатски статус, додека Босна и Херцеговина и Косово се потенцијални кандидати за ЕУ.

Прикажи повеќе...

Регион

Синдикатот најавува целодневен штрајк на приштинскиот аеродром

Објавено пред

Независниот синдикат на вработените најави целодневен штрајк на приштинскиот аеродром в среда, 21 август. Вработените на аеродромот денеска штрајкуваа еден час, а за утре е најавен прекин на работата од 8 до 10 часот.

Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, пак, соопшти дека и покрај најавениот штрајк на вработените сите летови меѓу 19 и 21 август ќе бидат реализирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет13 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион13 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа13 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ16 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ17 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија18 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија19 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија23 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ23 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија23 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија24 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа1 ден

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 ден

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет2 дена

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет2 дена

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија2 дена

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие