Контакт

Регион

Момче удрено од автомобил додека трчало по автобус

Објавено пред

На излезот од автопатот Белград – Ниш, кај Младеновац, во неделата се случила сообраќајна незгода во која е повреден еден млад човек.

Од Брзата помош „Сопот“ велат дека дека момчето со брза помош било пренесено во Белград на  лекување и дека немаат информации за деталите за несреќата.

Белградските медиуми јавуваат дека момчето било удрено од автомобил додека трчало по автобус, при што се додава дека тоа било во бессознание.

Регион

13 лица починаа во БиХ, регистрирани 242 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се евидентирани 242 новоинфицирани со коронавирус и 13 смртни случаи. Само во Федерацијата БиХ, 191 е заразен и 11 починати.Тестирани биле 1.513 примероци, а вирусот е потврден кај 191 лице. Моментално се активни 3.272 случаи.

Досега се тестирани вкупно 157.625 примероци во БиХ, а коронавирусот е потврден кај 17.837 лица.Вкупно се опоравиле 14.039 лица, а во последните 24 часа е забележано опоравување кај 265 лица.Во моментов, 3.272 случаи се активни, според Институтот за јавно здравје на БиХ.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Објавено пред

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква.

„Задната врата“ што ја отвори вселенскиот патријарх Вартоломеј, се чини дека не е затворена во време на објавувањето на томосот за автокефалноста на расколничката црква во Украина, што предизвика негодување и тага кај милиони православни христијани ширум светот.  На овој начин, грчките црковни кругови ги коментираат барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква, пишува „Спутник“.

Според Дмитрис Целегидис, професор на Аристотелскиот богословски универзитет во Солун, прашањето за автокефалноста очигледно е прашање на Српската православна црква.

„Сè е апсолутно јасно. Ова прашање очигледно е во надлежност на Српската православна црква. Ако Вселенскиот патријарх започне да ја признава автокефалноста, тогаш тој ќе ги надмине авторитетите, како во случајот со Украина. Ваквите потези на црквата создаваат само проблеми”, нагласува професорот.

„Бидејќи не ја признаваме соседната земја како Северна Македонија, како може да очекувате да ја признаеме македонската автокефалност? Во Скопје нема „македонска црква”. Според мое лично мислење, патријархот Вартоломеј не треба да им дава автокефалност”, изјави митрополитот на Флорина, Теоклит.

Извори од круговите на грчката православна црква блиски до Светиот синод тврдат дека грчката православна црква ќе ја следи волјата на патријархот Вартоломеј, како во случајот со давање автокефалност на украинската црква.

На крајот на 2019 година, поранешниот висок претставник на грчката православна црква за „Спутник“ изјави дека грчката православна црква нема да може да се спротивстави на постоењето на независна македонска црква. Ова се должи на фактот дека грчките архиепископи го изгубија правото на вето кога го признаа правото на Патријархот да дава автокефалност во целост.

Протоереј Теодорос Зисис, професор по теологија на Универзитетот Аристотел во Солун, ги коментираше постапките на Вартоломеј, велејќи дека „Вартоломеј се обидува да ја добие поддршката на мнозинството во црковниот свет создавајќи свои цркви и се обидува да ги ослаби и српската и руската црква“.

Прикажи повеќе...

Регион

Корона-бум во Словенија

Објавено пред

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан во Словенија бидејќи 203 лица биле позитивни на коронавирусот, а едно лице починало, објавија властите.

Во земјата има 1.736 активни случаи, 86 се хоспитализирани, а 16 пациенти се на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА.

Во Словенија досега биле заразени вкупно 5.690 лица, а 150 починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. „Задната врата“...

Македонија2 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија2 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион3 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ4 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет4 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија4 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија5 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет6 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет6 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет20 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија21 час

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија21 час

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија22 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 ден

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Досие