Регион
Наташа Пирц Мусар: Словенија може да биде посредник во конфликтите на Балканот
По победата во вториот круг на претседателските избори, се чини дека Наташа Пирц Мусар се соочува со повеќе прашања во јавноста за Западен Балкан отколку за внатрешната политика на Словенија.
Загрижена за нестабилноста во словенечката околина, Пирц Мусар вели дека една од нејзините први меѓународни посети ќе биде токму на земјите од Западен Балкан.
„Словенија може многу да придонесе за решавање на проблемите на Западен Балкан, а исто така мислам дека Европската Унија ја гледа Словенија како влезна врата. Мислам дека барем можеме да бидеме добар соговорник во решавањето на проблемите во регионот, и доколку постои јасно изразена волја, и посредник во конкретни несогласувања, па дури и конфликти“, вели таа во интервју за Би-би-си на српски неколку дена по изборната победа.
Заедно со Хрватска, Словенија веќе е лидер на иницијативата „Брдо-Бриони“, во која шефовите на државите на земјите од Западен Балкан разговараат за иднината и интеграцијата на регионот во Европската Унија.
Пирц Мусар победи во вториот круг од претседателските избори во Словенија освојувајќи околу 54 отсто од гласовите.
Идната словенечка претседателка нема да ги избегне емоциите кога зборува за поранешна Југославија – подготвено ќе каже дека е родена таму, дека работела на тие простори и запознала многу луѓе. Поради сето ова, таа особено сака да се посвети на таа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

