Регион
„Некои деца едвај чекаат да ги прегрнат наставниците“: претседателот на Советот на родители за враќањето на училиште во Врачар

Вратите на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград се отворени само за учениците од прво до четврто одделение, кои имаат настава во продолжен престој, а иако беше најавено дека од утре во клупи ќе бидат и останатите ученици, претседателот на Советот на родители при тоа училиште, Игор Ѓорѓевиќ, рече дека се уште не е целосно одлучено враќањето на училиште да се случи утре.
Тој додаде дека наставата ќе започне кога децата и наставниците ќе проценат дека е дојдено време. Ѓорѓевиќ изјави дека препорака на Министерството за образование и експертите е децата да тргнат на училиште, да разговараат со децата и да ги надминат стравовите со доаѓање на училиште.
„Препорака на министерството е и сите оние деца кои не се подготвени, да останат дома, да продолжат да разговараат со родителите и да ги надминат стравовите и сите да се вратат на училиште кога ќе бидат подготвени“, рече Ѓорѓевиќ.
Тој посочи дека повеќето родители се согласиле дека имаат право да одлучат кога ќе го испратат своето дете на училиште.
Ѓорѓевиќ рече дека имало различни мислења кога станува збор за моделот за започнување на училиште и простор, дали да се вратат во иста зграда, но дека мислењето на сите родители било што побрзо да почнат со настава. Тој додаде дека мислењето на експертите од најеминентните институции кои се занимаваат со ментално здравје е дека училиштето „Владислав Рибникар“ треба да биде место за враќање. На прашањето што зборуваат и како мислат децата, Ѓорѓевиќ рече дека тоа е клучно прашање.
„Ми се чини дека многумина од нас не ги прашуваат децата, туку ги искажуваат своите стравови, вознемирености, оправдани стравови, бидејќи секое дете е нашето најголемо богатство што го испраќаме овде. Ова можам да го кажам во име на моето дете и во име од децата околу неа со кои имав можност да разговарам – тие се подготвени да се вратат и едвај чекаат да се вратат овде за да ги видат своите учителки и да ги прегрнат и да ја споделат нивната болка и тага“, рече Ѓорѓевиќ.
Тој рече дека децата треба да се слушнат и тие да одлучат кога сакаат да се вратат.
Четворица полицајци, повеќе отколку во другите училишта во Србија, го обезбедуваат училиштето во кое ученик од седмо одделение уби осум соученици и еден училишен чувар. Помош и поддршка за учениците од ова училиште и сите училишта во Србија, родителите и наставниците обезбедуваат психолози и психијатри од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија КЦС, бројни други здравствени установи и здруженија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.
Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.
Регион
Вучиќ: Лавров во Скопје ја кажа вистината кога е Србија во прашање

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје кажал сè вистинито кога е Србија во прашање.
Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека Лавров зборувал за многу поважни работи за Србија и за српскиот народ од оценката дека Србија нема да отвори ново поглавје во преговорите со Европската унија доколку не воведе санкции кон Русија.
„Во основа, Лавров кажа сè вистинито. Зборуваше и за многу поважни работи за Србија и како функционирала од 2013 година, како ја мамеле нашата земја по Бриселскиот договор за да постигнат нешто што требало да се исполни, а кога тоа не се исполнило, на Србите им кажувале – па ете десет години не е исполнето, па сега ќе добиете дупло помалку од што баравте. Тоа е вистина, тоа се случува“, изјави Вучиќ.
Посочи дека се поставува прашањето што може Србија да промени, за да немаме војни и државата да напредува економски.
„Вистината е дека нашите раце се прилично врзани и ги држиме своите многу подобро отколку што некој би очекувал во однос на зачувување на независноста, суверенитетот, зачувување на границите и донесување одлуки. Но, фактот дека ситуацијата е тешка, сигурно е дека ќе биде и уште потешка, го потврдуваат и одлуките во кои некои сметаат дека би било добро Европската комисија да го вклучи Охридскиот договор како дел од преговарачкото поглавје. “ изјави Вучиќ.
Регион
ЕУ бара Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија

Европската унија (ЕУ) формално ќе побара од Европската комисија да ги вклучи обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.
Во нацрт-заклучоците, на кои Радио Слободна Европа умаше увид се вели дека „Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија“.
Овие заклучоци ќе ги усвојат министрите за европски прашања на состанокот на Советот за општи работи на 12 декември.
Истите заклучоци потоа ќе ги потврди и Европскиот совет на самитот на европските лидери што ќе се одржи на 14 и 15 декември.
Поглавјето 35 во пристапните преговори меѓу Србија и Европската унија ги вклучува односите со Косово.
ЕУ редовно предупредува дека брзината на пристапниот процес со Србија зависи од напредокот во дијалогот за нормализација на односите.
Србија и Косово на 27 февруари постигнаа договор за патот кон нормализација на односите.
На 18 март во Охрид беше договорен анекс за имплементација на овој договор.
Белград и Приштина не го потпишаа договорот, ниту анексот за спроведување затоа што тоа одби да го направи српскиот претседателАлександар Вучиќ.
Според изјавата на високиот претседател на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, договорот се смета за правно обврзувачки за двете страни.
ЕУ веќе најави дека и овој договор ќе биде вклучен во пристапниот процес на Србија, за да се потврди правно обврзувачкиот карактер на тој документ, пишива Радио Слободна Европа.