Регион
Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го посети повреден припадник на Жандармеријата. Дачиќ претходно изјави дека неидентификувано лице, чиј идентитет се утврдува, денеска околу 11 часот пукал со самострел во припадник на жандармеријата и го ранил во вратот.
Припадникот на жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
„Специјалното обвинителство го презеде случајот, иако идентитетот на лицето не е утврден, но нема сомнеж дека се работи за терористички акт насочен и против државата Србија и против припадниците на Жандармеријата. Дали поединец делувал сам или групно ќе дознаеме наскоро… Превентивно уапсивме други лица кои беа во близина на полицискиот објекти. Некои сомнежи се веќе присутни и има индиции дека се работи за луѓе кои се познати на безбедносните служби и се работи за вахабистичко движење, но тоа не е потврдена информација. Ги зајакнавме сите безбедносни мерки во градот. Напаѓачот имал и нож. Заклучокот е дека станува збор за терористички напад во кој се вклучени лица кои имаат врски со вахабистичкото движење“, рече министерот Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.