Регион
Несреќа во БиХ: автомобил со најмалку три лица слета во река

Специјални екипи работат на извлекување на возилото што во текот на ноќта слета во реката Босна, од регионалниот пат Какањ – Високо, во градот Добриње, потврди портпаролката на МУП на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ.
Но, како што пренесуваат локалните медиуми, не се знае точниот број на жртви. По пронаоѓањето на возилото, ќе биде спроведена истрага, со која ќе раководи дежурниот кантонален обвинител.
Според известувањето на порталот „Кликс“, несреќата се случила синоќа, еден час по полноќ, а полицијата ја известил маж, кој бил во возилото и успеал да се спаси.
Кога пристигнале на местото на несреќата, полицијата затекнала маж со видливи повреди и отежнато комуницирање. Им кажал дека се сеќава оти бил во автомобилот со уште три лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.