Регион
„Не може да се оди со нож кон пријателот“: францускиот европратеник за притисокот на ЕУ врз Србија да се сврти против Русија

Пратеникот во Европскиот парламент, Жан-Лин Лакапел, изјави дека Косово нема легитимитет да се интегрира во ЕУ оценувајќи дека вистински извор на нестабилност во Косово е тоа што САД и ЕУ „уценуваат, се закануваат и вршат континуиран притисок“ врз Србија да го признае Косово како држава.
„САД и властите на Европската Унија вршат притисок, уценување и закана за Србија доколку утре не го признае Косово како држава. Србите се форсираат и се обидуваат да им наметнат утре Косово да стане дел од меѓународните организации, како НАТО и ОН “, изјави Лакапел за „Танјуг“.
Тој додаде дека нема да има подобрување на ситуацијата во Косово и дека ќе има блокада сè додека ЕУ е слепа и тврдоглава и се додека нејзина опсесија е Србите да го признаат Косово како независна држава.
Лакапел апелира до ЕУ малку подобро да ги слуша Србите, да ги почитува малку повеќе и да покаже малку повеќе дипломатија.
Тој се осврна и на неодамнешната изјава на известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, дека сите проблеми кога станува збор за стабилноста на Западен Балкан доаѓаат од Србија нагласувајќи дека смета оти Србија не е одговорна за нестабилноста, туку само ЕУ поради опседнатоста со влезот на Косово во ЕУ.
ЕУ, додаде тој, е таа што создава тензии и погрешно управува со минатото и спецификите на Босна и Херцеговина и Косово и треба повеќе да се посвети на својата улога како посредник.
Според него, ЕУ често има разбирање за разни барања во Косово, но и во соседните земји, како Северна Македонија, Албанија и БиХ, додека тоа ретко е случај кога станува збор за Србија.
„За нас, постои вистинска разлика меѓу овие народи. Од една страна, имате европска цивилизација, која се носела и се инкарнирала во Србија, а од друга, имате други земји што претставуваат значителни ризици кога станува збор за корупција, трговија со оружје, трговија со наркотици, кои се глобална опасност или утре може да претставуваат опасност, бидејќи сите овие земји сакаат да ги интегрираат во ЕУ“, додаде францускиот европратеник, пренесува „Спутник“.
Исто така, Лакапел апелира до ЕУ да престане да ја принудува Србија да ги прекине историските односи со Русија кога е во прашање конфликтот со Украина наведувајќи дека не може да се бара некој „да оди со нож кон својот пријател“.
Според него, ЕУ не може да ја применува истата политика за сите земји што се заинтересирани за членство, особено кога станува збор за Србија, која, како што наведе, е под постојани закани и уцени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц.
Едно е сигурно – сезоната сè уште не е ни започната, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и последната објава на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.
„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажата, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата и додаде: „Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.
Цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра!
Možda je cjenik stavljen 100m dalje od beach bara, ali je bar u ladovini (Žnjan, Split)
byu/MantisTobogan_dr incroatia
Во коментарите, корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:
„О, ужас! Сè уште му се потсмевам, а дури е поскап од Ибица“.
Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.