Регион
Нов потрес регистриран во Хрватска

Нов земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван вечерва околу 19:30 часот во близина на Петриња, објави хрватската сеизмолошка служба на „Твитер“.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, пренесе хрватски „Индекс“.
Почвата во Хрватска не мирува откако минатонеделниот земјотрес предизвика големи материјални штети во Сисачко-мославинската Жупанија.
Покрај Петриња, зафатени беа и Глина, Сисак, Лекеник – четири градови и осум општини, околу 116.000 жители беа директно или индиректно погодени од земјотресот, а околу 50.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Ниту една институција не работи во Петриња и Глина и постои опасност дел од куќите дополнително да се срушат под влијание на дождот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Словенија потврден новиот вид на коронавирус

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, на вонредна прес-конференција, објави дека во земјата е потврден првиот случај на инфекција со англискиот вид на коронавирус. Станува збор за косовски државјанин кој престојува во Словенија, а кој се вратил од Белгија.
Јанша рече дека поради можноста во Словенија да има поголем број на случаи на т.н. англиски вид коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на мерките следната недела.
Словенечкиот премиер кажа дека веќе започнало преиспитување на стотици луѓе со позитивен тест за коронавирус во сите словенечки региони, со цел да се утврди дали станува збор за англискиот вид.
„Некои наоди беа позитивни“, рече Јанша, но ги негираше извештаите во некои медиуми дека веќе биле потврдени десетина вакви случаи.
„Податоците за состојбата со епидемијата од последните три дена не влеваат оптимизам“, рече Јанша, додавајќи дека состојбата со бројот на новоинфицирани во неколку региони е влошена.
Регион
Во Србија 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица.
Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале.
Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека повеќе од половина милион граѓани се регистрирале за вакцинација преку системот за е-влада.
Српските медиуми јавуваат дека се формираат долги редови пред зградата на Саемот во Белград, каде што се врши вакцинација.
Регион
Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб како резултат на Ковид-19.
Неофицијално детето немало никакви претходни заболувања.
Момчето од Хрватска кое ја загуби битката против коронавирусот разви мултисистемски воспалителен синдром (МИС-Ц), многу редок и особено опасен синдром кој погодува деца на возраст од две до 15 години, а кој беше откриен кај деца заболени од Ковид-19 во САД и Велика Британија во април минатата година.
Синдромот има значителни сличности со синдромот на токсичен шок и синдромот Кавасаки и предизвикува воспаление на крвните садови низ целото тело.
„ Воспалението може да го ограничи протокот на крв и да го оштети срцето, бубрезите и другите органи. Синдромот може да биде последица на имунолошкиот одговор на организмот на присуството на коронавирусот САРС-КоВ-2“, објасни Кванг Сик Ким, педијатриски инфектолог во детскиот центар Џонс Хопкинс.
„ Обично се јавува во рок од четири недели од изложеноста на вирусот“.
Специјалистот за инфективни болести Сик Ким советува дека родителите треба итно да побараат медицинска помош ако болното дете има температура над 38 степени 24 часа или подолго и барем уште еден од следните симптоми – невообичаена слабост, црвен осип, болки во стомакот, повраќање, дијареја, отечени раце или нозе, црвени и испукани усни, како и црвени очи.
Според претходните искуства, смртноста кај деца погодени од овој синдром е околу 1,5 процент.
Според достапните податоци, во период од шест месеци биле регистрирани 1.659 случаи на овој синдром во САД, од кои 26 завршиле со смрт кај детето.
Во Словенија се евидентирани 48 случаи без смртни исходи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот