Регион
Нов рекорд во Хрватска, 4.520 новозаразени и 69 починати

Во последните 24 часа евидентирани се 4.520 нови случаи на инфекција со САРС-КоВ-2 во Хрватска, а починале 69 лица. Во болница се 2.703 пациенти, од кои 280 се приклучени на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 159.372 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 2.367 починале, вкупно закрепнале 133.255 лица, од кои 2.386 во последните 24 часа.
Во моментот 57.835 лица се во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 837.619 лица, од кои 12.596 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентот на Црна Гора повторно го усвои Законот за слобода на вероисповед

На денешната вонредна седница, Парламентот на Црна Гора повторно гласаше со мнозинство гласови за изменување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед. За измените и дополнувањата на Законот за вероисповед гласале 41 пратеник од парламентарното мнозинство, без гласови против и воздржани.
Парламентот усвои и други закони што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ претходно одби да ги потпише и ги врати на повторно изјаснување.
Пакетот закони првпат беше усвоен на седницата на Собранието на крајот на декември минатата година.
Неколку десетици граѓани со знамиња на Црна Гора и НАТО се собраа пред зградата на парламентот.
Опозициските пратеници од редовите на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ не присуствуваа на собраниската седница.
Регион
Грција почна со издавање дигитален сертификат за вакцинација

Грција почна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека тоа е уште една грчка иновација.
Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација рече дека потврдата не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.
Тој изјави дека сертификатот ќе служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската Унија за единствен сертификат во согласност со европските стандарди.
„Ова не е ограничување, но ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментот ги наметнува коронавирусот за патување на европските граѓани. Тоа е нешто што ќе значи особено за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, пред сè, пред летната сезона“, рече Мицотакис.
Предлогот на Мицотакис за единствен сертификат ќе се дискутира на утрешниот самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.
Регион
ЕУ до Западен Балкан: Ќе ви дадеме вакцини, но не знаеме кога и не знаеме колку

На утрешната видеоконференција лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за солидарноста на ЕУ со трети земји кога станува збор за испораката на вакцините, но не се очекува конкретизација на датумите или количината на дозите што може да пристигнат на Западен Балкан.
„Нема временска рамка за испорака на вакцини во трети земји. Ситуацијата е веќе доволно комплицирана во рамките на ЕУ поради проблеми со производството. Нашата намера е тоа да го реализираме кога самите ќе напредуваме доволно“, вели официјален претставник на ЕУ.
Во пресрет на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ, кој ќе се состане деветти пат преку видеоконференција посветена исклучиво на борбата против пандемијата на Ковид-19, тие потенцираат дека земјите од Западен Балкан не треба да се сомневаат во принципот дека ЕУ ќе биде тука за своите партнери и дека ќе се залагаат вакцините како глобално добро да ги добијат сите што имаат потреба од нив.
Европската комисија го повика Западен Балкан да биде трпелив уште неколку недели и дека се воспоставува механизам во ЕУ, што треба да им овозможи на партнерските земји пристап до 2,3 милијарди дози вакцини обезбедени од ЕУ преку заеднички набавки.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот