Регион
Објавена листа на косовската тајна служба на осомничените за воени злосторства
Приштинскиот дневен весник Bot Sot објави во петокот листа од припадниците на Разузнавачката служба на Албанците од Косово (SHIK), која по војната во оваа поранешна српска покраина од 1998/1999 била под контрола на владејачката Демократска партија на Косово (PDK) на актуелниот претседател Хашим Тачи, а листата според извештајот може да послужи за процесуирање на сторители на воени злосторства.
Во Белград медиумите веднаш реагираа дека оваа листа би требало да послужи како конкретен доказ за Специјалниот суд за процесуирање на поранешни членови на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK) кои извршиле воени злосторства во текот на вооружените судири и по нивното завршување.
Весникот Bota sot наведува дека листата со имињата и детални информации за припадниците на SHIK ја составиле припадниците на меѓународните мировни сили KFOR. Овие податоци беа и претходно објавувани, последен пат во мај 2014 година, а според меѓународниот фактор треба да придонесат за расветлувања на убиства, насилства и злосторства во текот на 1998 и 1999 година на Косово.
Се очекува испитувања на бројни сведоци на судењето за воени злосторства сторени меѓу Албанците. Поранешниот припадник на оваа служба, Назим Блаца признал дека PDK организирала групи за ликвидации на противниците на партијата којашто од основањето ја предводи косовскиот претседател Хашим Тачи. Него на позицијата претседател на партијата го наследи Кадри Весели, претседател на косовскиот парламент и наводен водач на илегалната организација SHIK.
На списокот има повеќе од 150 имиња од сите делови на Косово. Покрај, Весели кого весникот го пишува под прекарот Љуљи, кој е означен како директор на SHIK, се и Рахман Рама, поранешен командант на Косовскиот заштитен корпус (КЗК), Фатмир Љимај, еден од регионалните команданти на ОВК, Сулејман Селими, командантот на главниот штаб. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

