Регион
Од денеска влез во Србија без ПЦР-тест

Граѓаните од земјите во регионот, вклучително и Македонија, од денеска може да патуваат во Србија без ПЦР-тест.
„Од 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, соопшти Владата пред два дена по телефонскиот разговор на премиерот, Зоран Заев, со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез, денеска изјави дека укинувањето на задолжителниот тест за сите што доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот.
„Регионот е наш заеднички дом, затоа одлуката на министерот за здравство за укинување на задолжителниот ПЦР-тест за секој што ќе дојде кај нас од непосредната околина е уште еден показател за нашата подготвеност да ги отстраниме бариерите меѓу нас“, рече Кадез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна

Топовска граната останата од Првата светска војна убила 64-годишен маж во селото Воглар кај Нова Горица во западна Словенија, во близина на границата со Италија.
Според локалната полиција, несреќата се случила вчера околу 14:30 часот при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.
Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.
Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопшти полицијата од Нова Горица.
Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.
На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.
Регион
Албанија протерала руски дипломат зошто не ги почитувал мерките против коронавирусот

Албанската влада протерала руски дипломат, поради наводно кршење на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус, пренесува албански „Топ ченел“.
Министерството за надворешни работи на Албанија му наредило на рускиот дипломат Алексеј Кривошев да ја напушти земјата за 72 часа, наведувајќи дека руската страна уште од април минатата година била предупредена во врска со однесувањето на овој дипломат.
„И покрај ветувањата, рускиот дипломат продолжи да ги крши мерките“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.
Во исто време, министерството изразило подготвеност да ја продолжи пријателската соработка со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе ги разбере причините за оваа одлука.
„Албанската влада сака да ги зајакне пријателските односи со Руската Федерација и жали што добрата волја на обете страни е поткопана со повторените постапки на руските дипломати во Тирана“, се вели во соопштението на албанското МНР.
Регион
Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кипар, а засега нема извештаи за штети.
Потресот се случил во 15:27 часот и го почувствувале жителите на облакодерите во главниот град Никозија, при што некои во паника излегле од становите.
Кипар се наоѓа на трусно подрачје, но силните земјотреси не се чести.
Најсилниот земјотрес во поновата историја на Кипар беше со јачина од 6,3 степени во 1996 година и предизвика мали штети.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот