Регион
Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани против Ковид-19, пишува грчкиот портал „Катимерини“.
Од речиси 300.000 граѓани ќе се бара да платат глоба од 50 евра за јануари, а за секој нареден месец во кој граѓанин ќе остане невакциниран глобата ќе биде 100 евра.
Атинската новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, објави дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години веќе се вакцинирани или закажале термин.
Истите извори забележуваат дека благодарение на задолжителната вакцинација за постарите од 60 години, процентот на вакцинирани во оваа возрасна група, која е една од најзагрозените, е зголемен за речиси 10-процентни поени.
Имено, вакцинирани или закажани се 2.761.838 граѓани на возраст над 60 години, а од 30 ноември кога беше објавена глоба од 100 евра, бројот на граѓани што решиле да се вакцинираат достигна 217.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Иран ќе преземе казнени мерки против Грција поради заплената на нафта

Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Ноур њуз“.
„Ноур њуз“ – близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран, пренесе „Ројтерс“.
Претходно Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да реагира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управувала Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.
Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Регион
Очекувам одбрана на бугарскиот интерес, рече Радев пред состанокот на Коалицискиот совет во Софија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, очекува на вечерашниот коалиционен владин совет посветен на односите со Македонија, да се следат одлуките на Советодавниот совет за национална безбеднос кои беа донесени во јануари годинава. Тоа е со цел, како што рече Радев, одбрана на бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.
„Доколку сето тоа се случи ќе се потрудиме да и помогнеме на Република Северна Македонија да го следи овој пат“, рече Радев, пренесе „Труд.бг“.
Прашан какви се ставовите на бугарската влада за Северна Македонија пред средбата, Радев рече дека фокусот на владата на надворешната политика не може да ги реши внатрешните проблеми на земјата. Очекува енергијата што се инвестирала во проблемите со Македонија да се насочи и кон проблемите на бугарските граѓани.
Вечерва по барање на бугарскиот премиер, Кирил Петков, на вонреден состанок на коалицискиот совет ќе се соберат владините партнери и ќе разговараат за блокадата за Македонија.
Се очекува премиерот Кирил Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје, пренесе Бнр.бг.
Самиот Петков најави свикување на состанокот на коалицијата при посетата на Рим и Ватикан во пресрет на 24 мај. Тој потоа посочи зошто би се заложил претседателот да се сретне со сите страни претставени во парламентот:
„Форматот на коалицискиот совет е многу важен. И ова ќе го прашам од моја гледна точка и ќе разговараме со коалициските партнери, но ни треба поширок консензус и затоа опозицијата мора да биде информирана“, образложи Петков.
Партијата на Слави Трифонов, ИТН ја потврди својата цврста позиција – нема повлекување од позицијата на Бугарија.
„Ние само ќе ги сослушаме за што се состануваат со оглед на тоа што овој став е јасен – и на претседателскиот советодавен совет, и во рамковната позиција на Бугарија и со декларација од 44. Народно собрание, па можеби ќе се запознаеме со нешто ново што не го знаеме. Ќе бидам претставник на МНР, па ќе видиме што ќе кажат. Нашиот став е јасен“, рече Станислав Балабанов.