Регион
Од коронавирус почина Мирослав Туѓман, синот на првиот хрватски претседател
Хрватскиот научник и политичар, долгогодишен пратеник и син на Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман, почина од коронавирус на 75-годишна возраст. Toj е познат како син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.
Мирослав Туѓман почина на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопшти Кабинетот на претседателот на хрватскиот парламент.
Тој беше професор на Филозофскиот факултет во Загреб и член на хрватскиот парламент.
Во времето кога татко му беше хрватски претседател, тој ја водеше разузнавачката служба во два наврата, од 1993 до 1998 година и од 1999 до 2000 година.
Тој освои 4,1 проценти од гласовите на претседателските избори во 2009 година, а стана член на парламентот во 2011 година како кандидат на Хрватскиот демократски сојуз.
Роден е на 25 мај 1946 година во Белград, каде што тогаш Фрањо Туѓман служеше во Генералштабот на Југословенската армија. Во Белград живееше сè до 1961 година кога семејството Туѓман се пресели во Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, дека „стратешки интерес на Хрватска е Вучиќ да не е на власт“ имплицира дека работат на неговата замена.
Брнабиќ на мрежата Х напиша дека е интересно што во последната недела од кампањата за претседателските избори во Хрватска се занимаваат со тоа кој е претседател на Србија.
У последњој недељи кампање за председничке изборе у Хрватској, они се баве тиме ко је председник Србије. Занимљиво…. Ово је дефиниција појма “мешање у унутрашња питања друге земље”! Да ли било ко мoже да замисли да се током председничких избора у Србији говори о томе ко треба… https://t.co/7089TtqtZg
— Ana Brnabic (@anabrnabic) December 24, 2024
Како што нагласи за Ивана Кекин, оваа изјава е дефиниција на терминот „мешање во внатрешните работи на друга држава“ и праша дали некој може да замисли дека за време на претседателските избори во Србија ќе се зборува за тоа кој треба да биде претседател на Хрватска.
Регион
(Видео) Снежно невреме парализира колона возила со 70 лица во БиХ, спасувачката акција траеше 10 часа
Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај, а на територијата која е дел од ентитетот Република Српска, целиот железнички сообраќај е во прекин поради дефект во далноводите.
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) издаде предупредување до сите возачи поради отежнат сообраќај на патиштата кои водат преку планинските превои.
Поради тоа, дел од регионалните патишта мораше целосно да се затворат, а најлоша е состојбата во поширокото подрачје на Дрвар, каде колона возила со 70 лица, меѓу кои и деца, беше парализирана од снежно невреме на патот што води кон Босански Петровац, ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Спасувачка акција траела цели десет часа.
Автопатот што води од Босанска Градишка до Добој е забранет за сообраќај на камиони, а вакво ограничување е воведено и за голем број главни и регионални патишта во северна и северозападна Босна.
Во Сараево висината на снегот во утринските часови достигна 30 сантиметри, а висината на снежната покривка на околните планини над еден метар.
Регион
(Видео) Урагански ветер во Сплит од 120 километри на час урна дрвја и канделабри
Пожарникарите во поширокото Сплитско подрачје отстранија бројни дрвја и гранки од патот, канделабри и се останато што беше срушено од ураганскиот ветер.
Веќе два дена невремето не стивнува во сплитско-далматинската жупанија, па пожарникарите на барање на граѓаните вршат бројни технички интервенции.
На шеталиштето Мажураниќ дрвото паднало врз паркирано возило и коловозот.
Во Жрновница на патот паднала канделабра.
Поради силниот ветер, кој според синоптичарите дувал и до 120 километри на час, дрвја и канделабри паднале и на патиштата на островот кај Сињ и Постиње Доњих кај Муќ.