Контакт

Регион

Османи: Формирање заедница на српските општини по приемот на Косово во Советот на Европа

Објавено пред

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово се обврзало да ја формира заедницата на српските општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесува косовското онлајн-издание „Газета експрес“.

dobivaj vesti na viber

Османи ова го рече коментирајќи го писмото што го испрати со косовскиот премиер, Аљбин Курти, и претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфца, до известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакјоани, во кое тие се обврзаа да го спроведат договорот што подразбира формирање на заедница на општини со српско мнозинство.

„Тоа не е обврска од март 2024 година, туку од основниот договор од 2023 година, што беше прифатен од косовската делегација“, рече Османи.

Таа додаде дека формирањето ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа.

 

 

Регион

Голем пожар во Атика во Грција, зафати куќи

Објавено пред

Во пожарот што избувна денеска на истокот на Атика во градот Коропи, во Грција, изгореа неколку куќи, а пожарот го гаснат десетици пожарникари со помош на два авиона и четири хеликоптери.

dobivaj vesti na viber

Пожарот првин избувнал на паркингот за чамци во градот Коропи, а потоа се проширил, пренесува „Катимерини“.

Според Противпожарната служба, се работи за сериозен пожар додека противпожарната единица прави напори за негово локализирање.

Прикажи повеќе...

Регион

Првата пресуда за масакрот во селата кај Младеновац: вујкото на Урош Блажиќ ослободен, братучедот осуден на 18 месеци

Објавено пред

Борис Гавриловиќ, братучед на Урош Блажиќ, е осуден на 18 месеци затвор, а Горан Гавриловиќ, вујкото на убиецот, е ослободен.

dobivaj vesti na viber

Ним како соизвршители им судеше Вишиот суд во Крагуевац за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

На Урош Блажиќ му се суди за убиство на девет и ранети 12 лица во Дубона и Мали Орашје во страшниот масакр што се случи на 4 мај минатата година. По извршувањето на делото, Блажиќ побегнал во викендицата на својот вујко во Крагуевац, каде што се криел додека не бил уапсен на 5 мај во утринските часови.

Судењето на Урош Блажиќ ќе продолжи во судницата на Централниот затвор во Белград бидејќи во мај годинава прелиминарното рочиште беше одложено по инцидентот што се случи кога родителите на убиените деца од овие две места го нападнаа убиецот кога тој влезе судницата.

Прикажи повеќе...

Регион

Петковиќ: Приштина има тенденција да го преувеличува бројот на жртви на сексуално насилство

Објавено пред

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против сексуалното насилство во конфликти, соопшти дека политичарите во Приштина, на чело со Аљбин Курти, ги злоупотребуваат жртвите на сексуално насилство за време на конфликти на дневна основа за политички цели и имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на жртвите повеќекратно.

dobivaj vesti na viber

„Курти и неговите соработници со години зборуваат за 20.000 жртви на сексуално насилство на Косово за време на конфликтот во 1999 година иако надлежната институција во Приштина го потврди статусот на жртви на сексуално насилство за помалку од илјада луѓе. Овие официјални податоци стојат и во извештајот на генералниот секретар на ОН од 1 октомври 2020 година“, забележува Петковиќ.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово истакнува дека „истовремено никој не ги спомнува српските цивили, кои беа брутално малтретирани и силувани од припадниците на терористичката ОВК во Приштина, иако оваа појава беше масовна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт21 минута

ФФМ од Даку побара да и се извини на македонската држава, а од УЕФА да го казни албанскиот репрезентативец

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод навредите кои од теренот на стадионот во Хамбург, ги испрати албанскиот репрезентативец...

Македонија1 час

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија3 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт3 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Свет3 часа

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари

Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за...

Македонија4 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ15 часа

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија19 часа

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија19 часа

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија24 часа

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа1 ден

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...

Свет1 ден

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот...

Македонија2 дена

Топлотен бран во Македонија: Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни...