Регион
Осомничениот за убиството на Данка го повлече признанието, денеска вториот осомничен пак дава исказ
Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, претходно го повлече признанието и рече дека делото го признал под присила, а денеска пред Обвинителството повторно сведочи другиот осомничен, Дејан Драгијевиќ.
Двајцата беа уапсени на 4 април за убиство на девојчето, кое исчезна во Бањско Поле на 26 март. Но, се поставува прашањето што ќе биде со истрагата доколку другиот осомничен денеска го повлече признанието, пренесува „Нова.рс“.
Да потсетиме, девојчето, според полициската верзија, излегло на улицата, каде што со службен автомобил најпрвин го удриле вработени во комуналното претпријатие „Водовод“. Го ставиле во автомобилот и продолжиле да возат, а во еден момент се утврдило дека не умрело, туку се онесвестило од ударот, а потоа наводно ја убил еден од осомничените.
Телото било фрлено на депонија, а подоцна наводно е преместено на непозната локација. Ова е официјалната полициска верзија на приказната.
Но, на возилото со кое наводно е извршено делото, ниту во него, не се пронајдени биолошки траги од девојчето. Не беа пронајдени ниту траги од удар. На облеката на осомничениот полицијата не пронашла биолошки траги од детето. Не е пронајдено ниту телото на исчезнатото девојче, иако депонијата, каде што наводно осомничените го фрлиле телото на жртвата, извести полицијата, била детаљно пребарана.
Во меѓувреме, Срѓан Јанковиќ побара повторно испитување пред Обвинителството, а потоа го повлече признанието и рече дека го дал под принуда. Сега тоа го побара и Дејан Драгијевиќ, кој денеска треба да биде сослушан. Српските медиуми пишуваат дека се очекува да откријат каде се наоѓа телото на детето или да го повлечат своето признание. Доколку реши да го повлече признанието, прашање е што ќе биде со случајот бидејќи Обвинителството нема речиси никакви материјални докази против нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

