Контакт

Регион

Палмер утре во Приштина

Објавено пред

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе ја посети Приштина, но сè уште не е познато со кои политички претставници ќе оствари средби.

Според соопштението на Амбасадата на САД во Приштина, која го најавуви неговото пристигнување, тој ќе се обрати пред претставници на граѓанските здруженија и студенти во градската библиотека во попладневните часови, а потоа ќе одговора на нивни прашања, објави приштинскиот весник „Газета eкспрес“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Палмер денеска беше во Скопје, каде што оствари средби со високи владини претставници.

Регион

Во Црна Гора наплатени 23.000 евра поради непочитување на мерките

Објавено пред

Поради непочитување на мерките на Националното координативно тело (НКТ) во борбата со коронавирусот за два дена биле извршени 445 контроли и биле  издадени 20 прекршочни налози во износ од 23.200 евра.

Според изјавата на црногорската влада, само во Подгорица биле издадени 17 прекршочни налози, вкупно 20.350 евра.

„Во Подгорица, во периодот помеѓу 18 и 20 септември, Туристичката инспекција на Дирекцијата за инспекциски работи извршила 152 контроли за почитување на мерките на НКТ во борбата со Ковид-19“, се наведува.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 70 нови случаи на коронавирус, петмина починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 70 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 и пет смртни случаи предизвикани од овој вирус.

Главниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека бројот на активни случаи изнесува вкупно 2.002.

Меѓу нив, 297 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Починаа пет лица.

„Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес регистрирани се вкупно 14.992 лица заразени со коронавирус, од кои 253 починаа. Вкупно се оздравени 12.737 лица, од кои 201 во последните 24 часа“, соопшти Штабот.

Во моментов има 9159 лица во самоизолација.

Заклучно со понеделникот, биле тестирани вкупно 262.132 лица, од кои 3.268 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Бугарија 44 новозаболени и шестмина починати од коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 44 нови случаи со коронавирус, врз основа на 1.249 тестирани примероци.

Уште шест лица починаа, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата.

Најголем број на новоинфицирани има во Софија, девет.

Во моментов во Бугарија има 4.522 активни случаи, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се регистрирани 18.863 случаи на коронавирус, а починале 761 лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите...

Економија2 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет3 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет3 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет16 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија18 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија21 час

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Досие