Регион
Парламентарни избори во Грција: Расположението на гласачите многу неизвесно
Речиси десет милиони граѓани со право на глас денеска излегуваат на парламентарните избори во Грција. Гласачките места се отворени во седум часот утрово, а гласањето ќе трае до 19 часот по локално време.
На изборите учествуваат 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат.
По затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг врз основа на излезните резултати ќе објават предвидување на изборниот резултат, што честопати го најавуваат победникот.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време.
За парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 285 од вкупно 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 15 се на листа која важи за целата земја.
На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел.
Новиот систем што ќе важи само за овие избори не предвидува бонус од 50 пратеници за партијата победник, како што беше случај досега и токму затоа, се поверојатно е сценариото дека земјата ќе оди на втори избори, на почетокот на јули. За да се избегне оваа непосакувана опција, ќе треба или првата партија да победи со висок процент или да се формира коалиција. За да може победникот на изборите да формира еднопартиска Влада, потребно ќе биде да обезбеди најмалку 151 пратеник кои ќе бидат од гласовите на граѓаните, односно ќе треба да добие голем број гласови – околу 45 отсто.
Грчкиот Устав предвидува веднаш по изборите претседателот на државата да ѝ го додели мандатот за формирање Влада на партијата победник. Доколку првата партија не успее да формира Влада, мандатот му го враќа на претседателот, кој го доделува на втората партија, а доколку и таа не успее, го добива и трето рангираната партија. Секоја од партиите на располагање има 72 часа да спроведе консултации со можни коалициони партнери.
Доколку во законски предвидениот рок од најмногу девет дена, земјата не добие Влада, тогаш претседателот свикува лидерска средба за евентуална широка коалиција, а во случај и овој обид да биде неуспешен, тогаш земјата ќе оди на втори избори.
Цезусот за влегување во парламентот е минимум три отсто од гласовите.
На минатите парламентарни избори во 2019 година шест партии обезбедија место во Парламентот. Нова демократија победи со 39,85 отсто од гласовите и со 158 пратеници, од кои 50 беа од бонусот предвиден со тогашниот изборен законик и формираше еднопартиска Влада.
СИРИЗА беше втора со 31,53 проценти, Движење на промена освои 8, 10 отсто, а во Парламентот место обезбедија шест партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.
Излезноста пред четири година беше 57,78 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

