Контакт

Регион

Пилотот изгубил свест, авион на „Монтенегро ерлајнс“ принудно слетал во Русија

Објавено пред

Авионот на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс”, кој од Тиват летал кон московскиот аеродром Москва-Домодедово, принудно слетал во рускиот град Калуга, откако пилотот ја загубил свеста, соопшти извор од службата за авијација.

Изворот изјави за агенцијата ТАСС дека на капетанот му се слошило и изгубил свест кога авионот се приближувал кон Москва и веќе се спуштил на пониска височина.

„Поради тоа е извршено принудно слетување на аеродромот во Калуга“, вели изворот на руската агенција, додавајќи дека слетувањето било направено нормално и дека никој не бил повреден.

Засега нема информации за здравствениот статус на пилотот. Калуга се наоѓа југозападно од Москва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Меркел: Темни облаци се издигнаа над дијалогот Белград-Приштина

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Мекрел истакна дека темни облаци се издигнале над дијалогот Белград и Приштина, откако косовските власти вовеле такси врз српските производи.

Меркел во разговор со дописниците во Брисел, нагласи дека Германија има голем интерес за европската интеграција на Србија и Косово и на тој пат постои напредок, меѓутоа, како што подвлече, за интеграцијата неопходно е да се обнови дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Таксите доведоа до незадоволство, а не до напредок, рече Меркел, потсетувајќи дека за тоа разговарала со лидерите на Белград и Приштина претходно на состанок во Берлин, пренесе „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Регион

Судот одлучи: Холандија е делумно одговорна за 350 жртви во Сребреница

Објавено пред

Врховниот суд на Кралството Холандија денеска потврди претходна судска одлука според која Холандија е делумно одговорна за смртта на 350 лица од Сребреница во јули 1995 година, пренесуваат холандските медиуми.

Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН-баталјон на 13 јули 1995 година по што биле ликвидирани во геноцидот.

Станува збор за конечна правосилна пресуда на највисокиот судски орган во Холандија.

Претходно, Холандија беше прогласена за 30 отсто одговорна за смртта на луѓето од Сребреница, со заклучок дека не е сигурно оти ќе преживеале дури и да останеле во базата на холандскиот баталјон.

Со таа одлука Холандија беше ослободена од одговорност за жртвите од Сребреница, кои не биле внатре во базата на холандскиот баталјон стациониран во Поточари.

Според пресудата, Холандија мора да им исплати надоместок на семејствата на жртвите, но висината на надоместокот не е одредена.

Прикажи повеќе...

Регион

Забрането капење на плажа во Дубровник поради квалитетот на водата

Објавено пред

Инспекторатот за заштита на животната средина го забрани капењето на плажата Доње Чело на островот Колочеп во близина на Дубровник поради незадоволителни микробиолошки параметри, според „Индекс.хр“.

Вчера инспекцијата изврши инспекциски надзор во Дубровник по повод пријавувањето и доставените извештаи од Институтот за јавно здравје на Дубровско-неретванската жупанија за дополнително испитување на таа плажа.

По анализата, на приодот кон плажата беше официјално објавено дека капењето е забрането.

Ова е веќе трета плажа во Дубровник, која е затворена во оваа туристичка сезона поради загадување со фекални води.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија2 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија3 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија4 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет5 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт5 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија16 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет17 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет18 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ21 час

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион23 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија23 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Досие