Контакт

Регион

Пилот на Тито тврди дека воспоставил контакт со НЛО

Објавено пред

Пилотот на Тито, Суад Хамзиќ, го привлече вниманието на јавноста тврдејќи дека трипати видел непознати летачки објекти.

Затоа, во Белград, во средината на 80-тите години, е формирана организација што се занимавала со средбите на тогашните војници на ЈНА со неидентификувани летачки објекти, чија структура и брзина не можеа да се објаснат.

– Највпечатлив ми остана оној од 20 август 1970 година кога во двоседот ‘миг-21’ со пилотот Душан Стипиќ имав блиска средба со такво летало над Плашко (во хрватскиот регион на Лика). Бевме испратени по алармот од радарскиот центар и многу бргу воспоставивме визуелен контакт со објектот, кој беше многу голем и зрачеше светлина. Се качувавме со надзвучна брзина, но не можевме да ја пресметаме висината. Јас проценив дека е околу 22.000 метри и во еден момент овој лебдечки објект што го гледавме забрза и исчезна. Се изгуби од радарот – раскажува Хамзиќ.

Тој исто така вели дека неколку месеци подоцна видел сличен објект на небото што исчезнал на ист начин, а во 1974 година, дури пролетал покрај светлечки НЛО на летот над Карловац.

Регион

Ситуацијата во БиХ се влошува, 344 новозаразени и 12 починати

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се евидентирани 344 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 2.220 лабораториски примероци.

Во изминатите 24 часа се пријавени 1.591 примерок во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 270 се позитивни на коронавирус.

Досега се тестирани вкупно 149.037 примероци, а коронавирусот е потврден кај 16.879 лица.

Во Федерацијата БиХ до денес се излечиле 12.523 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 180 пациенти.

Во моментов има 3.880 позитивни случаи на коронавирус.

Присуството на коронавирус е потврдено кај 73 лица во Република Српска во последните 24 часа, а биле тестирани 629 лабораториски примероци.

Прикажи повеќе...

Регион

Скок на бројот на заразени во Словенија, експертите велат дека почнува вториот бран

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа биле направени 2.616 тестови за коронавирус, при што потврдени се 136 нови инфекции и еден смртен случај, објави словенечката влада.

Ова е нагло зголемување на дневниот број на новозаразени во споредба со претходниот ден, кога имаше 88 случаи на 2.335 тестирани, односно втора највисока бројка по рекордот од 137 нови инфекции, колку што беа забележани минатиот четврток.

Коментирајќи го развојот на епидемијата, Бојана Беовиќ, главен инфектолог во владината експертска група за Ковид-19, за медиумите изјавила дека ова е почеток на вториот бран на епидемијата во Словенија, кој дошол побрзо од очекуваното, бидејќи се сметаше дека ќе следи дури во ноември или декември.

Според неа, станува збор за локални преноси што се последица од поголемата зачестеност на луѓе кои се дружат во затворени простории.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Хрватска пратеничка отстранета од седница – одбила да стави маска

Објавено пред

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, ја отстрани пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од седница затоа што одбила да стави заштитна маска.

Таа побарала од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската децата да носат маски.

„Прво ставете маска или ќе морам да ве исклучам од расправата“, ѝ рече Јандроковиќ, а потоа додаде: „Имаме пет минути пауза, а вас, госпоѓо Кришто, ќе ве исклучам од седницата до крајот на денот“.

Видовиќ-Кришто на седницата побарала да се укине обврската децата да носат маски повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажуваат дека носењето маски не придонесува за намалување на ризикот од зараза со коронавирус и дека може да предизвикаат здравствени и психолошки проблеми кај децата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија47 минути

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија2 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа3 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа4 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет5 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија5 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија5 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија18 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија19 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија20 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет21 час

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Досие