Регион
Пленковиќ го разреши министерот за здравство, кој утрово беше уапсен

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши министерот за здравство, Вили Берош, кој утрово беше уапсен.
„Премиерот го разреши Вили Берош од министерските должности. Тој ја назначи Ирена Хрстиќ за државен секретар, кој раководи со Министерството за здравство до стапување на новиот министер на функцијата“, соопштија од хрватската влада, пренесе „Индекс“.
Хрватската полиција, утрово, во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организирниот криминал (УСКОК), го уапси министерот за здравство, Вили Берош, јавија хрватските медиуми.
Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Јас сум цел затоа што не се согласив да им служам на парите на УСАИД; последните удари на поразените елити

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, му се заблагодари на американскиот политичар Род Благојевиќ за поддршката посочувајќи дека тој е цел бидејќи не се согласил да им служи на парите на УСАИД и НЕД, туку на својата земјан и дека ќе продолжи да победува во Српска.
„Кога не може да ве победат на изборите, тие се обидуваат да ве уништат во судовите. Ова го научија американскиот претседател Трамп, лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, и многу други лидери, кои ги избраа народот наместо елитата, суверенитетот наместо покорувањето, вредностите наместо грантовите“, напиша Додик на платформата „Икс“.
Истакнувајќи дека Род Благојевиќ го забележал тоа, претседателот на Република Српска истакна дека целта денес се оние што не се согласиле да им служат на парите на УСАИД и НЕД, туку на својата земја, религија и народ.
„Но, тоа се ударите на поразените елити. И ќе биде последен. Претседателот Трамп ќе успее во Америка, Ле Пен ќе победи во Франција, Калин Ѓорѓеску во Романија, а јас ќе продолжам да победувам во Република Српска“, рече Додик означувајќи ги американскиот потпретседател Венс и Илон Маск.
Регион
Труење во Загреб: неколку студенти завршиле во болница со тешки симптоми

Шест лица вчера попладне побарале итна медицинска помош поради сомнение за труење со храна по оброк во студентската менза на колеџ во Загреб. Станува збор за менза на приватен ресторан, каде што студентите користат субвенционирани оброци, а се наоѓа веднаш до Геодезискиот, Градежниот и до Архитектонскиот факултет, пренесуваат тамошните медиуми.
Сите се препратени на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, каде што им се укажани лекарски услуги, а две лица поради тешки симптоми се задржани во болница, пренесува „Индекс.хр“.
Подоцна уште едно лице побарало помош, а друго со изразени симптоми одбило лекарска помош.
Поради настанот, на терен излегле службеници од Државниот инспекторат и од Санитарната инспекција, кои извршиле надзор на просторот за обезбедување храна за ученици.
Една студентка за порталот „Средња.хр“ изјавила дека во тоалетот на факултетот наишла на двајца студенти кои повраќале и кои ѝ кажале дека јаделе болоњезе во мензата.
Недолго потоа таа и колешката се упатиле кон мензата, но се откажале бидејќи во студентската група на „Воцап“ пристигнала порака дека на неколку студенти од колеџот не им е добро и дека мензата е затворена.
„Веќе бевме пред мензата, па ги прашавме работниците дали е вистина дека се затворени. Тие рекоа дека не знаат ништо. Тогаш дојдоа сопствениците на ресторанот и почнаа да се правдаат дека сè е во ред, дека меленото месо е свежо, дека мензата неодамна била отворена“, раскажува таа.
Регион
(Видео) Фрлени две рачни бомби врз пошта во Косово, едната експлодирала

Кон зградата на косовската пошта во Звечан, на северот на земјата, ноќеска по полноќ биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала причинувајќи материјална штета, јавува „Анадолија“.
Косовската полиција соопшти дека е активирана една рачна бомба и дека нема повредени. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ.
„Надлежните полициски единици по пристигнувањето на местото на настанот, забележале дека во објектот има уште една неексплодирана граната. Локацијата е обезбедена, а жителите привремено се евакуирани. Специјализирана единица за ракување со експлозивни направи контролирано ја детонирала гранатата“, се наведува во соопштението на косовската полиција.