Регион
Поплави во Албанија и Косово

Делови од Албанија и Косово се поплавени по поројните врнежи од дожд.
Обилните дождови што паѓаат во Албанија веќе два дена предизвикаа поплави во Скадар, Леж, Ѓирокастро, Елбасан и Драч.
Неколку реки се излеаja од своите корита, а под надзор е и вештачкото езеро Калмен.
Реката Ерзен се излеа во Драч и поплави земјоделски земјишта, куќи, патишта и продавници.
Во неколку албански градови во прекин е и електричната енергија. Во Ѓирокастро патниот сообраќај е во прекин, како и во Елбасан, каде што на повеќе места има свлечишта.
Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на автопатот „Ибрахим Ругова“ во Косово, а полицијата најавува евакуација на населението во општина Ѓаковица, каде што се поплавени влезовите во градот и голем број куќи.
Реката Мируша на подрачјето на општина Малишево синоќа се излеа од коритото поради обилните врнежи од дожд, но состојбата сè уште е под контрола, беше соопштено денеска од оваа општина.
Во општина Малишево неколку патишта се блокирани, а некои мостови се под вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска.
Потресот се случил во 10:58 часот.
Сеизмолошката служба на Република Хрватска извести за прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриња.
„Станува збор за серија последователни земјотреси, кои малку се намалија, но сè уште траат“, објасни за „Медија сервис“ сеизмологот Томислав Кук.
Регион
Хрватска: Речиси двојно повеќе новозаразени со коронавирус во споредба со претходниот ден

Во Хрватска се регистрирани речиси двојно повеќе новозаразени со коронавирус во споредба со претходниот ден.
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, вели дека во првите три дена од оваа недела, бројот на новозаболени лица се зголемил за 30 проценти во споредба со првите три дена од претходната недела.
Според податоците на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска, во последните 24 часа биле евидентирани 688 новозаразени лица, бројот на активни случаи е 2.679, додека 15 пациенти починале.
Чапак на прес-конференција рече дека Хрватска сепак е подобра од Финска и Данска според инциденцијата, додека Чешка е најлоша од сите земји на ЕУ.
Во однос на смртноста, Хрватска е сè уште на 19. место меѓу земјите на ЕУ, рече Чапак.
Според него, пријавени се скоро 1.000 сомнителни несакани ефекти од почетокот на вакцинацијата и додаде дека студиите покажуваат дека ефективноста на вакцините е доста висока по првата доза.
„Затоа, ќе препорачаме по вакцинирање со ‘Астразенека’, втората доза да се дава по 12 недели, со ‘Фајзер’ по 42 дена или шест недели“, рече Чапак.
Регион
Во Хрватска 688 нови случаи на коронавирус, 15 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 688 нови случаи на коронавирус, што е двојно повеќе од претходниот ден, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Вчера се евидентирани 343 нови случаи и 13 починати.
Во моментов во Хрватска има 2.679 активни случаи на коронавирус. Меѓу нив, 791 пациент е во болница, од кои 63 пациенти се на апарати за дишење.
Во моментов има 12.218 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.321.336 лица, вклучително и 7.763 во последните 24 часа.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 241.048 лица заболеле со новиот коронавирус, од кои 5.477 починале, вкупно 232.892 оздравеле, од кои 195 во последниот 24 часа.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер