Контакт

Регион

По 300 евра за грѓаните на Црна Гора што беа во самоизолација, а нивните имиња беа јавно објавени

Објавено пред

Владата на Црна Гора даде согласност за надомест на нематеријална штета на лица чии имиња се објавени на нејзината веб-страница врз основа на одлуката на Националното координативно тело за заразни болести.

„Заштитникот на имотно-правните интереси на Црна Гора е задолжен да склучи спогодба со 2.720 лица во износ од 300 евра на име надоместок за нематеријална штета поради повреда на лични права со објавување лични податоци, беше соопштено по седницата на владата.

Во март 2020 година Националното координативно тело донесе одлука да објави список на имиња на лица во самоизолација.

Уставниот суд уште во јуни донесе одлука дека тоа не е во согласност со највисокиот правен акт, по што беа поднесени многубројни тужби за нарушување на правото на приватност.

Поради тоа што некои граѓани ја нарушија самоизолацијата, владата на 21 март објави список на сите што се во самоизолација, вклучително и мнозинството што ја почитуваа таа мерка. Дополнително, порачаа дека секој граѓанин треба да знае кој од неговите соседи и сограѓани го загрозува со недисциплина. Списоците го содржеле името и презимето на лицето во самоизолација, како и адресата на живеење. Иако подоцна беа повлечени од веб-страницата на владата, овие податоци одамна стојат или сè уште стојат на многу портали во земјата и регионот, пренесуваат регионалните медиуми.

Според нив, тогашниот премиер Душко Марковиќ велел дека ги разбира причините за критиките, но и тврдел дека здравјето на граѓаните е поважно од човековите права.

Невладините организации тогаш предупредуваа дека некој треба да поднесе оставка поради објавувањето на списоците, но тоа не се случи.

Регион

Мечка нападна ловџија во Словенија

Објавено пред

Шеесет и тригодишен ловџија е повреден при напад на мечка кај Постојна во Словенија.

Ловецот се здобил со скршеница на раката, повреда на реброто и неколку повреди на грбот, пренесува СТА.

Полицијата соопшти дека мажот бил нападнат од женка кафеава мечка со две младенчиња.

Се препорачува претпазливост за туристите кои ја посетуваат областа.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија дури 75 отсто од тестираните се позитивни на ковид

Објавено пред

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 13.911 случаи на коронавирус, а дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни.

Дополнително, направени се над 73.000 брзи антигенски тестови, чиј резултат се’ уште не е објавен, бидејќи позитивните резултати последователно треба да се потврдат со ПЦР тестирање.

Владата поради тешката епидемиолошка состојба не размислува за олеснување на мерките.

„И покрај зголемувањето на бројот на заразени, бројот на хоспитализирани е стабилен, но со толку големо присуство на вирусот кај населението, очекуваме притисок врз одделенијата за интензивна нега“, изјави Матеја Логар – инфектолог од владината стручна група за ковид.

Во земјата има 101.906 активни случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Во болниците во моментов се примени 608 пациенти, од кои 135 се на интензивна нега. Во изминатите 24 часа починаа 17 лица, со што бројот на починати како последица на коронавирусот се искачи на 5.768 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него.

Според претседателот, можни причини за планираниот атентат е борбата против нарко-картелите во Србија, но и потребата да се дестабилизира земјата.

„Направивме многу со големите апсења на нарко картелите во Србија и тие сега не можат да функционираат ако немаат поддршка од одредени државни структури. Тука не станува збор за 10 милиони евра, туку стотина милиони и милијарди евра. Јас никој од тие лица чиишто седум имиња ги добив, ни сум видел, ни сум чул. Не постои лична работа. Исто така дестабилизација на Србија би можела да биде во интерес. Тоа се некои од можните причини“, изјави Вучиќ во интервју за ТВ Пинк.

Тој рече информацијата за планираниот атентат ја добил од земја-членка на ЕУ на 14 јануари.

Претходно, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека информацијата за атентатот ја добиле писмено преку „Европол“ и дека ова не се случува првпат.

„Го пишуваше името Радоје Звицер. Дека тој е на чело на криминалната група, јас не знам, се сомневам во тоа, мислам дека постои некој над Звицер. Но, тоа ќе го покаже истрагата. За мене е најважно да го спречиме атентатот и да го заштитиме животот на претседателот“, рече Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет6 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија10 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија10 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа10 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија14 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија14 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија14 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија15 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет15 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија16 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет16 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија16 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет17 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет18 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет18 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија1 ден

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Досие