Регион
Предлогот на Рама за формирање ЗСО во Косово стигна до германската влада
Нацрт-предлогот за статутот на заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, е потврдено за „Косово онлајн“.
Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.
„Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина“, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“.
Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за статутот на заедницата на српските општини додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово.
Инаку, менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со бриселскиот договор да го подготви статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.
Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и од премиерот Аљбин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти менаџерскиот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тројцата повредени на железничката станица во Нови Сад се уште во тешка состојба
Лекарите се уште се борат за животот на три лица, кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.
Состојбата на повредениот млад човек Ц.В.(18) и две девојки М.Т.(23) и понатаму е многу тешка.
– Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување – велат за Дневник од УКЦ на Војводина.
За потсетување, во петокот при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени. Погребани сите 14 жртви од тешката трагедија што ја погоди Србија.
Регион
Додик: Убеден сум во промената на американската политика кон Босна и Херцеговина
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повтори дека е убеден оти ќе има значителни промени во американската политика кон БиХ по изборот на Доналд Трамп за претседател. Посочувајќи дека верува во промени во американската политика, Додик рече дека овие промени се веќе почнати и се видливи.
Амбасадата на САД во БиХ, како што рече, можела да организира одреден собир на локални политичари и медиуми кои ги исполнуваат условите по повод изборот на Трамп, како што правеле досега, но овој пат не го направија тоа. „Зарем тоа не е промена? Тоа е вистинска промена, а е и порака за нас“, изјави Додик.
Коментирајќи ја најавата на американската амбасада во Сараево дека двете доминантни политички партии немаат различна политика кон Босна и Херцеговина, Додик вели дека мисли дека лажат, како што лажеле. „Невозможно е да нема промени. Верувам во промената на американската политика на внатрешен и надворешен фронт, која ја најави Трамп. А што вели еден американски амбасадор Мајкл Марфи – тој веќе си замина што се однесува до нас“, рече Додик и додаде:
„Секако дека ќе се обиде да направи нешто друго, да ни го загорчи животот, но нека прави што сака. Неговата политичка опција драматично изгуби во Америка и мило ми е што е така“. Претседателот на Српска е убеден дека ќе воспостави добра соработка со новата американска администрација или дека веќе ја имаат.
„Верувам дека следната година ќе имаме јасни индикации дека можеме да соработуваме со Америка на чело со Трамп, но дека не можевме да соработуваме со Америка на чело со Џозеф Бајден, бидејќи тој се уште беше во Сенатот и Конгресот против Србите и направи антисрпска политика во овие области, објави РТРС.
Со победата на Трамп беше поразена политиката на Клинтон во која беше понуден Дејтонскиот договор, а потоа првиот ден го урнаа до денес“, изјави Додик за новинарите во Бања Лука, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ: Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во таа организација
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува Европската унија да донесе стратешка политичка одлука за прифаќање на Србија како членка.
Во Будимпешта, по Самитот на Европската политичка заедница, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање какви стратешки одлуки очекува од ЕУ, рече дека Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во тоа организација.
„Треба да ја погледнете економската сила на Србија. Таа ние би сакале да биде поголема, значително поголема од она што беа 40 или 50 отсто од членките на Европската унија пред да влезат во ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека ако денес се анализира кои земји можат да ги исполнат сите критериуми за влез во ЕУ кои се ставени пред Србија, мал број сонародници ги исполниле тие критериуми.