Регион
Рама: Моравме да шверцуваме вакцини за да спасиме луѓе
Зборувајќи за тешкиот период на пандемијата на коронавирус, албанскиот премиер Еди Рама во интервју за италијанските медиуми изјави дека луѓето се плашат дека ќе умрат. Според него, со оглед на тоа што Албанија останала надвор од европската помош, морало да се изврши операција на шверц на вакцини од Италија, пренесува А2њуз.
„ Денес кажувам нешто што никој не го знае. Јас сум Албанец-Италијанец, (Луиџи) Ди Мајо е наполитански Албанец, заедно направивме шверцерска операција. Каков Италијанец или Албанец сте ако секогаш го следите законот?“ изјави Рама.
Навраќајќи се на периодот кога Ковид-19 силно ја погоди Албанија, тој рече дека луѓето се плашат дека ќе умрат како риба без вода.
„Немавме шанса да направиме вакцини. Го прашав Луиџи, можеш ли да ни дадеш дози барем за лекарите и медицинските сестри? ‘Фајзер’ имаше многу јасен договор со владите: јас ви ги давам вакцините, но вие не можете да ги дадете на некој друг. Нешто што е сè освен не христијанско. Луиџи рече дека тоа би било многу сериозна работа. Но, ние го направивме тоа со нашите тајни служби: двајца министри шверцуваа стоки еден на друг за да спасат луѓе. Не можевме да ги скриеме вакцините, моравме и да ги дадеме. Адвокатите на ‘Фајзер’ се закануваа со тужби и сакаа да знаат како сме ги добиле, но ние само рековме – од пријателска земја. Реков дека научивме од наполитанците дека никогаш не треба да се откажуваш од твоите пријатели пред полиција“, рече Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

