Регион
Рама: Понудата на Русија да нè снабдува со вакцини е провокација

Албанскиот премиер, Еди Рама, оцени дека понудата на Русија да ја дистрибуира вакцината против коронавирус „спутник 5“ на Албанија е смешна провокација.
Тој така реагираше на понудата на руската амбасада во Тирана, која во понеделникот преку директорот за медиуми на Рама рече дека Русија е подготвена да разговара со Албанија за вакцината „спутник 5“, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.
Рама мислел дека се работи за шега затоа што, како што вели, несоодветно е сериозна држава така да провоцира, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.
„Кога велам провокација, на тоа не претходи никаков демарш кон Русија, но ова е смешна провокација за сериозна земја како Русија. Амбасадата во Тирана не може да се однесува како да е дел од комедијата ’Портокали’ или натпреварувач во неа“, рече Рама.
Тој повтори дека Албанија разговара со три сериозни производители на вакцини – Фајзер, Модерна и Астра зенека, со кои е поврзана и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција доби брзи тестови кои се изведуваат преку примерок од плунка

Грција веќе нуди нова можност за дијагностицирање на Ковид-19 преку брз тест со примерок од плунка.
Покрај тоа што се брзи, овие тестови се поевтини и полесни за изведување, јавуваат медиумите во Грција.
Овие тестови даваат непосредни резултати и може да бидат решение за намалување на ширењето на Ковид-19, преку можноста за рано дијагностицирање.
Тестот за брзо откривање со плунка дава резултати во рок од 15 минути и е погоден за деца.
Регион
Србија досега вакцинираше 22.000 лица

Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.
Регион
Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години.
По вакцинацијата на здравствените работници, програмата за вакцинација на коронавирус влегува во фаза на инјектирање на првата доза врз општата популација.
100-годишен старец вчера доцна попладне беше вакциниран на островот Крит.
Андроникос Панталос беше еден од првите што учествуваше во програмата за вакцинација. Постариот човек се појавил во болницата со својата ќерка и бил вакциниран, јавуваат грчките медиуми.
До денес, 75.276 лица се вакцинирани во Грција.
Во петокот попладнето, заменик министерот за здравство Василис Контосаманис ја коментираше веста дека ќе се одложи снабдувањето со вакцини на Фајзер во Грција, како и низ цела ЕУ. Тој увери дека Грција има количини за да им ја обезбеди втората доза на оние кои веќе биле вакцинирани.
Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира