Регион
Расте бројот на заразени во Црна Гора, докторите се жалат дека пациентите ги кријат контактите
Црногорските здравствени власти вчера во последната дневна статистика соопштија за рекордни 116 новозаразени од коронавирус, со што бројот на заразени во земјата, која се наоѓа во вториот бран на епидемијата, достигна 1.771, речиси шест пати повеќе отколку во првиот кога имаше 324 заразени.
Бројот на починати во вториот бран на епидемијата, кој почна од средината на јуни е 23, што е двојно повеќе од првиот бран од март до средината на мај кога беа регистрирани 9 смртни случаи.
Во пет општини на северот на земјата, Бјело Поље, Беране, Петњица, Плевља и Рожаје, е прогласена епидемија пред две недели и таму се во сила уште поригорозни мерки, кои предвидуваат забрана за работа на угостителски објекти, забрана за собирање повеќе од две лица и забрана за напуштање на домовите по 19 часот.
Епидемиолозите од црногорскиот Институт за јавно здравје како поголем проблем во контролата на епидемијата го наведуваат фактот дека заразените ги кријат своите контакти за наводно да ги заштитат, со што им се овозможува на оние што немаат симптоми да го шират вирусот.
„Криењето на луѓето со кои заразените биле во контакт може да создаде дури и поголем проблем. Имено, луѓето не сакаат да ги пријавуваат своите контакти мислејќи дека ги штитат, што не е точно. Ова им штети на контактите затоа што може да се случи луѓето да немаат никакви симптоми, туку само да ја носат инфекцијата и да заразат нивни блиски“, рече епидемиологот Игор Галиќ за РТЦГ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

