Регион
Ратко Младиќ правосилно осуден на доживотен затвор

Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ) со седиште во Хаг донесе конечна пресуда против воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.
Тој е правосилно осуден на доживотен затвор. Со ова, потврдена е пресудата со која тој беше прогласен за виновен за најтешки воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. Пресудата беше обжалена од обвинителството и одбраната.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ја донесе првостепената пресуда во ноември 2017 година.
Судењето против Младиќ почна во мај 2012 година. Тој беше уапсен во мај 2011 година, по 12 години криење, во Лазарево, Србија и екстрадиран во Хаг. На 25 јули 1995 година, Хашкото обвинителство го достави првото обвинение до Трибуналот, кое конечно беше прецизирано во 2002 година.
За време на судењето, Младиќ ја негираше вината и се обиде да ги оспори наводите на обвинителството и исказите на сведоците. Поради неговото лошо здравје, неговото семејство и адвокатите повеќепати бараа медицински третман на слобода, но Хашкиот трибунал и подоцна Механизмот не ги усвоија тие барања до денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турска воена база ракетирана во северен Ирак

Турската воена база Зилкан во областа Ниневија во северен Ирак денеска била погодена со ракети, соопштија претставници на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.
Според соопштението на антитерористичкиот оддел на курдскиот регион во Ирак, врз базата Зилкан биле лансирани најмалку осум проектили, од кои два ја погодиле целта, пренесува АП.
Одговорноста за нападот ја презеде Бригадата на исламскиот отпор – Ахрар ал-Ирак, организација која е составен дел на шиитските милиции поддржани од Иран.
Претставник на турското Министерство за одбрана, кој даде изјава под услов да остане анонимен, рече дека во нападот на базата Зилкан нема жртви или штети.
Од 2019 година Турција спроведува воени операции во северен Ирак, каде што се бори против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има упориште во овој регион. Анкара изгради неколку воени бази на северот на Ирак, што предизвика големо незадоволство кај официјален Багдад, кој ги смета овие бази за незаконски.
Регион
Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош.
Како што се наведува, се работи за 68-годишна жена, на која првин ѝ се слошило.
Авионот од Келн принудно слета во Белград во 22.24 часот. Авионот летал за Ниш.
Помош од лекарите на оваа служба најмногу барале граѓани со покачена температура и пациенти со кардиоваскуларни заболувања поради проблеми со задушување.
Регион
„Еуроњуз“: САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добија нота од амбасадите на САД.
Во нотата се вели дека Вашингтон смета дека прашањето за влегување на Косово во Советот на Европа не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа, дознава „Еуроњуз Србија“ од дипломатски извори.
Како што наведуваат, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не усвои поконструктивен став за Заедницата на српските општини (ЗСО), што би го отворило патот за предлогот, на основен договор меѓу Белград и Приштина“.
Порталот пишува и дека овој став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.