Регион
Во БиХ рекордни 93 починати од коронавирус за еден ден

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина починале 93 лица заразени од коронавирус, што е најголем број смртни случаи годинава.
Од нив, 64 се од Федерацијата БиХ, 22 од Република Српска, а седум смртни случаи се регистрирани во дистриктот Брчко. Во текот на последните 24 часа евидентирани се 856 нови случаи на коронавирус.
Во текот на изминатите 24 часа 64 смртни случаи и 653 позитивни лица на коронавирус беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во ФБиХ, освен во Ливно. Вкупниот број на смртни случаи во БиХ е 3.609.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција го укинува карантинот за земјите од ЕУ и за уште пет други, Македонија не е меѓу нив

Грција планира од следната недела да го укине карантинот за патниците од Европската Унија и за уште пет други земји, вклучително и Србија, кои се вакцинирани или имаат негативен тест на Ковид-19, изјави денеска висок владин службеник.
Грција, која излезе од децениската финансиска криза минатата година пред пандемијата, рече дека од средината на мај ќе го отвори својот туристички сектор, кој е клучен двигател на растот за нејзината економија.
„Постепено ќе ги укинеме ограничувањата на почетокот на следната недела пред отворањето на 14 мај“, изјави службено лице од Министерството за туризам, кое побара да не биде именувано.
Официјалниот претставник рече дека на граѓаните од Европската Унија и од Србија, САД, Велика Британија, Израел и од Обединетите Арапски Емирати ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханија, Родос, Кос, Миконос, Санторини и на Крф и на два гранични премина.
Патниците од тие земји нема да бидат ставени во карантин доколку докажат дека примиле две дози вакцина против Ковид-19 или покажат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа пред нивното пристигнување, рече официјалното лице, додавајќи дека туристите ќе мора да ги почитуваат домашните ограничувања.
Минатиот месец Грција го укина еднонеделниот карантин за израелски патници, кои биле вакцинирани или имале негативен ПЦР-тест. За патниците од Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати, исто така потребен е втор задолжителен тест по пристигнувањето.
Регион
Грција се огласи по најавата дека ќе го признае Косово

Позицијата на Грција да не ја признава независноста на Косово е добро позната и останува непроменета, изјави грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Џaкофотакис, за „Танјуг“.
Тој ги коментира очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.
„Во принцип, ние не ги коментираме мислењата на аналитичарите, грчката позиција за непризнавање на Косово е добро позната и останува непроменета“, се вели во писмениот одговор на грчкиот амбасадор Џакофотакис, кој беше испратен до „Танјуг“ од неговата прес-служба.
Филипс и Даниел Сервер за РТВ „Дукаѓини“ изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската Унија, што не го признаа Косово, да ги сменат своите позиции, освен Грција.
„Грција е многу веројатно да го признае Косово. Ѕидот што беше создаден од фактот дека пет земји не го признаа Косово набргу ќе почне да се руши кога Грција или некоја друга земја ќе одлучи да го признае Косово“, рече Филипс.
Филипс и Сервер исто така сметаат дека позициите на петте земји членки на ЕУ треба да се видат по завршувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Регион
Нов кластер на коронaвирус во Австрија, го предизвикале патници од Косово

Во австриската провинција Горна Австрија се појави кластер на коронавирус предизвикан од работници што пристигнале со автобус од Косово.
Патниците на автобусот што носел луѓе што работеле во Горна Австрија се заразиле од коронавирус.
Од 34-те патници, повеќе од половина биле позитивни на коронавирусот.
Овој кластер во меѓувреме опфати пет општини и погоди седум компании и пет училишта.
Минатата година, како што истакнаа властите, честопати имало проблеми со автобусите што превезувале работници од Романија и Косово.
Неофицијалните превозници често ги менуваат своите рути за да избегнат полициски проверки, што го отежнува спречувањето да се внесе вирусот.
Како што сега е објавено, „автобусот од Косово на 3 април донел 34 викенд-работници во Горна Австрија.
По пристигнувањето, тие се распрскале низ провинцијата и со тоа предизвикале огромен кластер.
Досега 18 патници од тој автобус биле позитивно тестирани и тие го рашириле коронавирусот во австриските општини.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш