Регион
Рибари ги пронашле телото на пилотот и остатоците од грчкиот авион
Рибари на островот Скирос ги пронашле телотото на пилотот и остатоците од грчкиот воен авион што во четвртокот се сруши во Егејското Море, објави државата телевизија ЕРТ.
Пилотот бил на задача за пресретнување турски авиони.
Кај вооружените сили на Грција прогласена е тродневна жалост за 34-годишниот пилот Георгисо Балтадорос, татко на две деца. Неговиот „мираж 2005“ се сруши во близина на Скирос, кога пресретнал борбени авиони на Турција што навлегле на просторот што Грција го смета за свој, коментираат грчките медиуми.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим му изразил сочуство на неговиот грчки колега Алексис Ципрас. Тие, како што е објавено, ветиле дека ќе го зајакнат дијалогот помеѓу двете земји што се сојузници на НАТО, а меѓу кои односите се влошија последните месеци.
Неделава Грците пукаа во знак на предупредување и протераа турски воен хеликоптер што се приближил кон малиот остров Ро, на границата на Средоземното Море.
Напнатоста порасна кога грчкото правосудство одби да испорача осум турски офицери и војници кои побегнаа по обидот за државен удар во јули пред две години.
На почетокот на март Турција уапси и задржа двајца грчки државјани кои ја преминаа границата, по наводна грешка, бидејќи Грција тврди дека се изгубиле во маглата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

