Регион
Русија бара Инцко да си оди од БиХ
Рускиот амбасадор во БиХ, Петар Иванцов, смета дека ерата на високиот претставник завршила бидејќи, според него, неговата улога е апсолутно невидлива и се свела само на пишување извештаи.
“Високиот претставник не влијае ниту на еден процес во земјата. Затоа, народите во БиХ и нивните политички претставници треба да ги решаваат прашањата меѓу себе, место тоа да го прави високиот претставник”, рече Иванцов.
Неколку дена претходно високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко, порача дека политичките директори на Советот за спроведување на мирот во БиХ заклучиле дека не се исполнети условите за затворање на канцеларијата на високиот претставник. Според него се уште не се исполнети “пет плус два” условите за тоа, а еден од нив е регистрирање на воениот имот. Втор услов што не е исполнет е позитивна оценка за политичката ситуација во БиХ, врз основа на целосно исполнување на Дејтонскиот мировен договор.Тој рече дека и земјите што не се наклонети на неговата канцеларија не барале нејзино затворање така што извешптајот за ситуацијата во БиХ бил прифатен без забелешки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

