Регион
Русија вели дека Бугарија е епицентар на тајните служби што работат против Москва
Американските тајни служби иницираа голема кампања за дискредитација на политичките и јавните личности во земјите на Источна Европа што се залагаат за развој на добрососедските односи со Русија, а Бугарија е епицентар на шпионските скандали со цел неосновано да се протераат руски дипломати, соопшти руската Надворешно-разузнавачка служба, пренесува „Спутник“.
„Со таа цел се ангажираат агенти и невладини организации кои се финансирани од јавните институции во САД“, се вели во соопштението на оваа служба.
„Последната таква акција е почната преку медиумите и политичарите блиски до ЦИА заедно со бугарските тајни служби кога беа разгласени невистини дека главна тема на разговорите од 10 февруари меѓу директорот на руската Надворешно-разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, и шеикот Мухамед бен Рашид ал-Мактум била судбината на бугарскиот бизнисмен Васил Божков. Тој човек наводно бил приведен во ОАЕ по барање на Бугарија под обвинение за финансиски криминал“, се вели во документот.
Според наводите на руската Надворешно-разузнавачка служба, во овие активности против Русија особено се истакнува бугарскиот вицепремиер Валериј Симеонов.
„Врз основа на резултатите од нашата истрага утврдивме дека иницијален извор на овие сензационални податоци е претставник на бугарската тајна служба во една од земјите од регионот кого го контролират и охрабруваат Американците, кои го насочуваат да работи против руските интереси“, велат од руската служба.
Според нив, лажирањето на информациите има цел да ги комплицира меѓународните односе на ОАЕ и Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

