Контакт

Регион

Саудиска делегација пристигна во Турција поради истрагата за исчезнатиот новинар

Објавено пред

Делегација на Саудиска Арабија пристигна во Турција поради истрагата за исчезнувањето на истакнатиот саудиски новинар Џемал Кашогиј, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на два неиумнувани турски извора.

Вест ја пренесе и турската агенција „Анадолија“, која додава дека членовите на делегацијата ќе разговараат со турските власти за време на викендот.

Претходно, денеска, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција сака да соработува со Саудиска Арабија во истрагата за исчезнатиот новинар.

Џемал Кашогиј исчезна на 2 октомври кога последен пат го посетил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој е колумнист на „Вашингтон пост“, кој ја критикуваше саудиската влада, ја напушти земјата минатата година и се пресели во САД. Минатата недела отишол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги собере потребните документи за својата претстојната свадба, но оттогаш му се губи секаква трага. Според свршеницата на исчезнатиот новинар, саудијските чувари ѝ рекле дека тој веќе го напуштил објектот.

 

Регион

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Објавено пред

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на еден од учениците му бил дијагностициран коронавирус.

Според неофицијалните извештаи на медиумите, момчето било тестирано откако било потврдено дека неговата мајка е заболена од вирусот, а тоа немало никакви симптоми на болеста.

„Мора да бидеме крајно внимателни, така што учениците од тоа одделение остануваат во карантин наредните 14 дена, додека сите други ученици и вработени сè уште можат да доаѓаат на часови нормално, со спроведување на превентивните мерки како и досега“, изјави за весникот „Вечер“ во Марибор Лидија Тодоровиќ, директорка на ОУ „Лудвик Плибершек“.

Ова е прв потврден случај на коронавирус во вториот по големина словенечки град по еден месец.

Градоначалникот на Марибор, Сашо Арсеновиќ, пред две недели веќе го прогласи Марибор за прв град без коронавирус во државата.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Објавено пред

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за јавно здравје.

Тој појаснил дека Црна Гора помина два периоди на инкубација од 28 дена без нови случаи на коронавирус.

„Стекнати се епидемиолошките услови за ИЈЗ да размислува за прогласување крај на епидемијата. Тоа е законски дефинирана постапка која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине периодот на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон. Тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за да се одјави епидемијата“, рекол Бегиќ во утринската програма на РТЦГ.

Тој додал дека правно-формално ова на терен не менува многу затоа што ризикот од вирусот сè уште останува.

„Одјавата на епидемијата не значи речиси ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сè уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски. Во сите земји на ЕУ носењето маски е задолжително како и кај нас нас, затоа, на затворени места, на јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра задолжително е носење маска. Дали ќе остане така, зависи од понатамошниот тек на болеста“, рекол Бегиќ.

Од земјите од регионот, Словенија е првата земја која прогласи крај на епидемијата. Во Хрватска, пак, во последните 10 дена се регистрирани само три нови случаи.

Прикажи повеќе...

Регион

Најскапиот апартман во Хрватска сега чини колку најевтиниот минатата година

Објавено пред

Цените за изнајмување апартмани и куќи за одмор на хрватското јадранско крајбрежје се драстично пониски од лани, но побарувачката е сè уште скромна.

Изнајмувањето на најевтиниот апартман на Јадранот во претсезоната минатата година чинело 40 евра, колку што чини изнајмувањето на најскапиот оваа година.

Цените на апартманите во 2019 година во претсезоната и по сезоната се движеле од 40 до 100 евра, додека во сезоната биле од 60 до 200 евра.

Годинава цените на апартманите во претсезоната се движат од 25 до 40 евра, додека во сезоната се меѓу 45 и 70 евра.

Хрватскиот портал „Индекс“ наведува дека цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра на ден.

Иако цените се значително пониски од лани, претседателката на Здружението за семеен туризам, Мартина Нимац Калцина, вели за „Индекс“ дека изнајмувањето на приватно сместување засега оди многу лошо.

„Некои луѓе се потпираат главно на своите стари гости, на оние кои претходно резервирале и се во постојан контакт со нив. Но, има многу малку директни, нови резервации. И она што малку има претежно се однесува на изнајмување на цели куќи за одмор”, вели Нимац Калцина.

Таа смета дека сите останати ќе поминат многу лошо и дека прашање е колку гости воопшто ќе има.

„Зависи каква ќе биде ситуацијата кога границите целосно ќе се отворат. Сите се надеваат дека сезоната ќе почне, но реалноста е дека ситуацијата засега е многу лоша. Што се однесува до домашните гости, ним дефинитивно ќе треба да им се даваат попусти и пониски цени за изнајмување”, објаснува Нимац Калцина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија3 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија4 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија5 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија5 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион7 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија8 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион9 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет10 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт10 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа11 час

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет11 час

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет22 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет23 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија23 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие