Регион
СЗО загрижена поради бројот на заразени во Србија: Ситуацијата е сериозна

Директорот на канцеларијата на СЗО во Белград, Марјан Ивануша, коментирајќи го наглиот скок на бројот на новозаразени од коронавирус во земјата, предупреди дека ситуацијата е сериозна затоа што Србија се наоѓа на четвртото место во Европа според бројот на новоинфицирани со коронавирус на 100.000 жители.
Веќе со денови Србија има повеќе од 3.000 нови инфекции на дневна основа, во вторникот и средата повеќе од 4.000, а бројот на хоспитализирани повторно надмина 4.000.
Ова дополнително го загрозува веќе преоптоварениот здравствен систем поради што медицинскиот дел од кризниот штаб инсистира на заострување на мерките и општо затворање од најмалку една недела.
Предлогот е во тој период да бидат затворени сите трговски центри и угостителски објекти, а би работеле само продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, но само за полнење гориво.
Кризниот штаб ќе донесе одлука за овие мерки на седницата закажана в петок.
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека ситуацијата во Србија е сериозна, рече дека единствено што останува за борба против вирусот е да се почитуваат епидемиолошките мерки додека преку вакцинацијата не се постигне колективен имунитет.
„И покрај успехот во вакцинацијата, треба да се има предвид дека бројот на оние што не се вакцинирани и натаму е голем“, изјави Ивануша за белградска „Политика“.
Во средата 16 пациенти починаа од инфекција предизивикана од Ковид-19 во Србија, а коронавирусот беше потврден кај 4.056 лица од 16.175 тестирани примероци.
Од почетокот на пандемијата во земјата се тестирани 2.986.711 примероци, регистрирани се вкупно 470.941 случај на коронавирус, а досега официјално се пријавени 4.491 смртен случај, со стапка на смртност од 0,95 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Објавен составот на новиот бугарски парламент

Имињата на сите 240 пратеници во 45-от Парламент на Бугарија се веќе јасни, како и распределбата на местата. Ова го објави Централната изборна комисија на последната прес-конференција по изборите.
Коалицијата ГЕРБ-СДС има 75 места, „Има таков народ“ со 51 и БСП со 43 пратеници, ДПС со 30, „Демократска Бугарија“ со 27 и „Стани! Излези!“ со 14.
Досега 14 кандидати се откажаа од мандатот во бугарскиот Парламент, меѓу кои и премиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Централната изборна комисија соопшти ќе го анализира изборниот процес, по што ќе достави извештај до Националното собрание со предлози за измени во изборното законодавство. Се очекува, бугарскиот претседател, Румен Радев, да ја свика конститутивната седница во текот на следната недела.
Регион
Борисов: Во мај ќе имаме колективен имунитет

Во мај ќе имаме колективен имунитет, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
„Вакцините ќе ги добиеме во мај и до средината на јуни. Првично мислевме дека тоа ќе се случи во август, но убеден сум дека веќе во мај, со 3 милиони вакцинирани, ќе имаме колективен имунитет“, рече Борисов.
Тој истакна дека благодарение на европската солидарност и нивната брза дипломатска акција, успеале да обезбедат 2,7 милиони дози од вакцината „Фајзер“ да бидат испорачани во Бугарија во следните два месеци, јави БГНЕС.
Борисов изрази уверување дека зголемениот број на вакцинирани и излекувани ќе придонесе Бугарија да ја надмине пандемијата.
Пред една недела беше соопштено дека Бугарија ќе добие повеќе од 1,2 милиони „солидарни вакцини“ против Ковид-19 од „Бионтек“ и „Фајзер“ во второто тромесечје. Повеќето земји членки на ЕУ се согласија заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози со Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка – земји за кои е заклучено дека им се потребни најмногу вакцини.
Регион
Во Црна Гора 237 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 237 нови случаи на коронавирус, а во истиот период девет лица починаа како резултат на инфекцијата.
Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.354, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Вкупниот број на активни случаи е 4.681.
Од почетокот на март 2020 година вкупниот број регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 93.803
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш