Регион
СЗО и Европската комисија работат на донацијата на вакцини за Балканот
Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини против коронавирус за другите земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
На прашање за дозите за земјите на Балканот, Клуге на прес-конференцијата рече: „Ние тесно соработуваме со Европската комисија на сите нивоа, по прашањето на донациите“, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека Австрија ќе ги координира тие донации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик: Западниот свет направи заговор со Бошњаците да ги прогласат неродените деца за геноцидни
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, денеска, во пресрет на дебатата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, повторно го негира ова злосторство и најави иницијатива за мирно разединување на Босна и Херцеговина.
Додик денеска ја донесе целата влада на Република Српска во Сребреница и одржа говор во Братунац, каде што ги осуди земјите што ја предлагаат резолуцијата, Германија и Руанда, и околу четириесет други, кои ја спонзорираат.
Додик ги нарече лага утврдените судски факти за геноцидот на повеќе од осум илјади Бошњаци извршен од страна на припадниците на војската и полицијата на босанските Срби. Тој тврди дека неодреден број Бошњаци загинале во Сребреница и дека четири илјади мртви тела биле донесени однадвор.
„Сите овие години не успеаја да ја докажат таа бројка (над осум илјади жртви)“, рече Додик.
Попладнево во Њујорк, Генералното собрание на ОН треба да гласа за предлог-резолуцијата, со која се бара 11 јули да биде прогласен за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Додик веднаш најави дека нема да го почитува ова во РС.
„Нема да ни биде ден за сеќавање бидејќи тој ден ништо не направивме“, изјави Додик.
Тој најави дека владата на РС ќе предложи договор за раздружување и мирно разграничување по усвојувањето на резолуцијата.
Според неговото толкување, денешна Босна и Херцеговина не е создадена врз основа на Дејтонскиот договор, туку со доброволно спојување на РС и Федерацијата Босна и Херцеговина, па тој договор сега треба мирно да се раскине.
„Ќе се обидеме да го направиме тоа во следните неколку години“, рече Додик, кој тврди дека целиот западен свет заговарал со Бошњаците со цел да ги прогласи неродените деца за геноцидни и да го наметне концептот на унитарна БиХ.
Регион
(Видео) Хаос на судењето за масакрот кај Младеновац, родителите го нападнаа убиецот: „Ни ги уби децата!“
Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац, Србија, го нападнаа масовниот убиец Урош Блажиќ веднаш штом беше внесен во судницата по што итно беше изнесен.
Како што пренесоа српските медиуми, набргу по внесувањето на Блажиќ низ вратата на судницата, се слушнале извици, а потоа родителите физички тргнале кон обвинетиот поради што полицијата морала да реагира.
Обезбедувањето мораше да ги задржи родителите, кои низ солзи викаа: „Ни ги уби децата!“, „Пукаше во моите ќерка и син“.
Видно вознемирени, на крајот родителите беа отстранети од судницата, пренесуваат српските медиуми.
Урош Блажиќ на 4 мај минатата година, во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубона кај Младеновац, пукајќи со автоматска пушка и пиштол, уби девет млади лица, од кои двајца малолетници, и се обиде да убие уште 20 лица, од кои рани 12.
Регион
Запленето големо количество кокаин во Грција: дрогата била скриена меѓу ракчиња, крајната дестинација била Албанија
Во пристаништето Пиреја запленети се 200 килограми кокаин, а дрогата била скриена во кутии со ракчиња.
Според првите информации, дрогата патувала во контејнери од Латинска Америка, а крајна дестинација била Албанија.
Според „Прототема“, дрогата била спакувана во кутии со замрзнати ракчиња. Се споменува и дека стоката требало да отпатува понатаму во Хрватска, а потоа во Албанија.
Медиумите јавуваат дека се уапсени четири лица, двајца грчки и двајца албански државјани.
Еден од двајцата уапсени Грци бил уапсен и во 2012 година во Костарика поради транспорт на оружје. Потоа беше екстрадиран во САД, каде што издржа затворска казна бидејќи против него постоеше потерница за помагање терористичка организација во Колумбија. Според информациите, тој пренесувал оружје, а за возврат добивал кокаин.