Контакт

Регион

Словенечки министер тврди: Порачавме три милиони маски, но нѐ измамија

Објавено пред

Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин изјави дека заплетот во врска со околу 3 милиони заштитни маски нарачани од државата, кои требало да пристигнат во камион преку Италија, е класична измама.

„Се изгуби секоја трага од товарот и полицијата откри дека станува збор за класична измама“, рече Тонин на прес-конференција во Љубjљана и продолжи:

„Ни беше ветена испорака на маски и министерот за економија Здравко Почивалшек беше во контакт со возачот. Вчера во 14:30, возачот рече дека е на царина, подоцна кажа дека ќе полни гориво, по што изгубивме контакт со него“, рече Тонин.

Тој додаде дека словенечката полиција утврдила дека станува збор за класична измама, која тој сега ќе се третира како приоритет кај властите.

Маските биле нарачни од компанијата „Глобал промет“, чиј директор е Емир Беговиќ од БиХ, но се покажало дека се работи за фиктивен бизнис и класична измама и дека никогаш немало организиран транспорт, ниту пак маски, објасни словенечкиот министер.

Тој додаде дека неточна е вчераобјавената информација оти непостоечките маски биле однапред платени по цена од 10 милиони евра и дека во тој поглед нема никаква штета.

„Маските и другата опрема потребна за болниците и другите институции за време на епидемијата од коронавирус се нарачуваат по точно одредени цени и се плаќаат по испораката“, кажа Тонин.

Тој претходно соопшти дека состојбата со опрема и заштитни средства во словенечките болници е критична.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црн рекорд во Романија: Над 2.000 заразени во еден ден

Објавено пред

Романија го забележа најголемиот дневен пораст на случаи на коронавирус, уште од појавата на пандемијата во земјата кон крајот на февруари.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.158 нови инфекции, така што вкупниот број на заразени сега е над 128.000.

Романија, земја со повеќе од 19 милиони жители, досега потврди повеќе од 4.800 смртни случаи поврзани со вирусот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 72 новозаразени од коронавирус, нема починати

Објавено пред

Според последните информации, во Србија се потврдени 72 нови случаја на инфекција со коронавирус, а нема смртни случаи.

Во последните 24 часа се тестирале 6.561 лице на коронавирусот.

На апарати за дишење се приклучени 21 пациент.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека училиштата се најголем ризик за пренесување на коронавирусот, како и дека супер преносители на вирусот се средношколците и студентите.

Прикажи повеќе...

Регион

13 лица починаа во БиХ, регистрирани 242 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се евидентирани 242 новоинфицирани со коронавирус и 13 смртни случаи. Само во Федерацијата БиХ има 191 заразен и 11 починати. Тестирани биле 1.513 примероци, а вирусот е потврден кај 191 лице. Моментно се активни 3.272 случаја.

Досега се тестирани вкупно 157.625 примероци во БиХ, а коронавирусот е потврден кај 17.837 лица. Вкупно оздравеле 14.039 лица, а во последните 24 часа е забележано закрепнување кај 265 лица. Во моментот 3.272 случаја се активни, според Институтот за јавно здравје на БиХ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион5 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија5 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија6 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион7 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ7 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет7 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија8 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија9 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет10 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет10 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет24 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие