Контакт

Регион

Словенија ги продолжува мерките за спас на работни места

Објавено пред

Словенечката влада денеска ја продолжи мерката за субвенционирање на платите за време на чекање, а се очекува ваквата помош во август да ја примат околу 24.000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика, Јанез Циглер Краљ.

dobivaj vesti na viber

Владата донесе одлука за продолжување на мерката, што беше воведена во април во екот на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, затоа што проценува дека таа е сè уште ефикасна и потребна за работодавците.

„Повеќе од 24.000 работници сè уште чекаат за работа затоа што и натаму нема закрепнување во некои индустрии или истото не е доволно интензивно за работодавците целосно да ги ангажираат работниците“, објасни Циглер на прес-конференција, истакнувајќи дека мерката може да биде продолжена најмногу до крајот на септември.

По првите два антикорона закони, повеќе од 275.000 вработени беа на чекање до крајот на мај, а според третиот, кој вклучуваше чекање за работа во јуни, беа вклучени речиси 65.000 вработени.

Заводот за вработување на Словенија до 10 јули исплатил 242,5 милиони евра надомест за работниците кои привремено чекале за работа поради виша сила, се вели во соопштението на словенечката влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека државата нема намера да распореди војска и дека нема да има граѓанска војна.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ го одржа вонредното обраќање кратко пред полноќ откако беа организирани протести во неколку градови низ Србија – особено во Нови Сад, Белград и Ниш – поради насилството на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) врз граѓаните на претходните демонстрации во вторник вечерта во Врбас и Бачка Паланка.

Според Вучиќ, повеќе од 60 граѓани биле повредени во инцидентите во Нови Сад во среда вечерта. Тој додаде дека 16 полицајци биле повредени, меѓу кои двајца со сериозни повреди на вилицата и градниот кош.

Српскиот претседател изјави дека „се воспоставува контрола“ и дека повеќе полицајци ќе излезат на улиците.

„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија. Важно е што, благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, засега чудесно успеавме да го зачуваме мирот“, рече Вучиќ.

Тој со драматичен тон изјави дека во Нови Сад „до пред неколку минути беше прашање дали околу 300 граѓани кои ја чуваа својата куќа ќе преживеат“, алудирајќи на поддржувачите на СНС собрани пред седиштето на партијата во Нови Сад кои, како што рече, „се спротивставија на тепачите и блокадерите“.

Спротивно на изјавите на шефот на државата и полицијата, демонстрантите го тврдат спротивното – дека се обвинети за насилство, но дека всушност се синхронизирано нападнати од поддржувачи на СНС, меѓу кои, како што тврдат, има луѓе со „сомнително минато“, ангажирани да предизвикуваат инциденти и да провоцираат полициска интервенција.

Демонстрантите тврдат дека на улиците ги извела политиката на владејачката партија и српскиот претседател Вучиќ, кои упорно одбиваат да воспостават владеење на правото, да ги регулираат институциите, да спроведат истрага и да ги изведат пред лицето на правдата сите одговорни за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 16 претежно млади луѓе.

Трагедијата во Нови Сад во ноември минатата година беше проследена со бран протести во кои се појави студентско движење, кое бараше уредно општество со владеење на правото и сузбивање на корупцијата, како и функционирање на институции ослободени од политички притисок и влијание.

Последното во низата барања е распишување предвремени избори, што владата досега упорно одбиваше да го стори.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Објавено пред

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ и граѓани, а едно лице беше снимено со пиштол.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните се приближија кон просториите на СНС одзади, каде што избувна тепачка. Според новинскиот портал „Разглас“, некој од присутните пукал во воздух, по што некои граѓани се оддалечиле.

Исто така, беше снимено видео на кое се гледа како маж си оди со кренат пиштол. Снимката ја објави Н1 Србија.

Потоа на местото на настанот пристигна жандармериски кордон и ги одвои граѓаните и поддржувачите на СНС.

Како што можеше да се види на снимката од телевизијата Н1, граѓаните бегаа во паника и викаа дека некој извадил пиштол.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Нов жесток напад врз демонстрантите во Србија

Објавено пред

Протестите продолжуваат во неколку градови во Србија вечерва по вчерашните напади од страна на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) врз демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка. Собирите беа организирани од „студенти во блокада“, кои ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат пред канцелариите на СНС и полициските штабови.

dobivaj vesti na viber

Најголемите собири се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, вклучувајќи ги Суботица, Шабац, Лесковац, Сомбор, Панчево и Ваљево.

Ескалација во Нови Сад вечерва
Ситуацијата во Нови Сад ескалираше кога пиротехнички средства беа лансирани кон граѓаните од правец на просториите на СНС. Демонстрантите одговорија со кршење прозорци во партиските простории, по што полицијата во опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон. На протестот беа фрлени и факели.

Протестната колона во Нови Сад тргна од студентскиот кампус, по дебатата „Медиумите во ерата на репресија“, кон главните простории на СНС.

Вчера во Врбас, поддржувачи на СНС и Александар Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства, камења, шишиња и клучеви. Еден граѓанин претрпе повреда на ногата, а помошник снимател на Н1 беше погоден со камења. Сличен напад се случи и во Бачка Паланка.

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека полицијата „спречила големи конфликти“ синоќа, дека граѓани и полицајци биле повредени, а неколку лица биле приведени. „Не заштитувавме една група, туку јавен ред и мир“, рече Васиљевиќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија2 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија4 часа

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија4 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион4 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет5 часа

Откриено е што Трамп ѝ понуди на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет5 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп-Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион5 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет16 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет17 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа19 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа19 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија20 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија20 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија21 час

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура22 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија1 ден

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...