Контакт

Регион

Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Објавено пред

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана координаторот на владата за вакцинација, Јелко Кацин, и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.

Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.

„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме од 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.

Сепак, „Хина“ објави дека, поради недостиг на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе може да се имунизираат во март.

Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.

Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.

Регион

Песков: Путин во посета на Србија штом ќе дозволи епидемиолошката состојба

Објавено пред

Времето на посетата на претседателот на Русија на Србија ќе биде договорено многу брзо, веднаш штом епидемиолошката состојба го дозволи тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Навистина постои актуелна покана до претседателот (на Русија) да ја посети Србија. Вие знаете дека претседателот високо ги цени нашите братски и партнерски односи и ваквите суштински, сериозни и заемно корисни односи за народите од двете земји. Секако, штом епидемиолошката состојба дозволи, датумите за таква посета ќе бидат договорени по дипломатски канали многу брзо“, одговори Песков на новинарско прашање за можноста за посета на Путин на Србија.

Српскиот амбасадор во Москва, Мирослав Лазански, во средата рече дека Србија се надева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде во Белград во мај, затоа што тогаш ќе се случи отворањето на Храмот на Свети Сава.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Од јуни во употреба руската вакцина од „Торлак“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека првите дози на руската вакцина „спутник В“ од институтот „Торлак“ ќе бидат пуштени во употреба помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува оти Србија самостојно ќе ја произведува вакцината пред крајот на годината, пренесува „Фонет“.

„Ќе видиме дали ќе го произведуваме „синофарм“ или „спутник“ до крајот на годината и се надевам дека ќе ги произведуваме двете вакцини до март, рече Вучиќ за време на неговата посета на „Торлак“ и изјави дека вкупното производство првично би било 20 милиони, а подоцна и 30 милиони дози годишно, за да се покријат и потребите на регионот.

Претходно беше објавено дека Србија може да започне со пакување на руската вакцина „спутник В“ од средината на годината, а да ја произведе до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Регион

Влез во Словенија без карантин и за вакцинираните со „спутник В“ и „Џонсон и Џонсон“

Објавено пред

Словенечката влада изврши неколку измени во ограничувачките мерки на границите вклучувајќи ја и дозволата за влез во земјата без карантин за лицата што ја примиле вакцината „спутник В“ или на „Џонсон и Џонсон“, под услов да ја примиле првата доза пред најмалку 21 ден.

Влегување без карантин или бесплатен тест веќе беше возможно за оние што имаа документ дека ја примиле вакцината на „Фајзер“, „Модерна“ или „Астра зенека“.

На седницата во средата владата исто така одлучи да го зголеми времето на транзит низ Словенија од шест на 12 часа и на списокот ги додаде работите поради кои луѓето може да да влезат итно без карантин или да бидат тестирани бесплатно на влезот.

Учениците постари од 15 години, кои ја преминуваат границата секој ден, и луѓето што ги носат на училиште, повеќе нема да мора да се тестираат на неделно ниво доколку се вратат во Словенија веднаш по оставањето на учениците во странство.

Без карантин или со негативен ПЦР-тест во претходните 72 часа може да влезат лицата од Европската Унија, ако работат како чувари или домашни помагатели на лица на кои им е потребна помош или работат на одржување приватен имот што го поседуваат, изнајмуваат или користат.

Португалија и Велика Британија се симнати од црвената листа, а имаше промени за одредени административни единици на Данска, Финска, Франција, Италија, Норвешка и на Шпанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион3 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион3 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа4 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет4 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени откако избувнал пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија5 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија17 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион17 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија19 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија21 час

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија22 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија22 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија23 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија1 ден

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија1 ден

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион1 ден

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа1 ден

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ1 ден

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 ден

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Досие