Регион
Состојбата во Србија се влошува, болниците полни со пациенти со коронавирус
Епидемиолошката состојба во Србија се влошува, а болниците се преполни со пациенти со коронавирус, објави РТС.
На болничко лекување има 6.410 пациенти. Според вчерашниот пресек, на респираторот има 253 лица.
Вчера беа потврдени 6.412 нови случаи од 19.752 тестирани, а почина 51 лице.
Премиерката Ана Брнабиќ најави седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот за следната недела. Таа додаде дека Кризниот штаб не е укинат, дека телото работи дури и кога нема седници и посочи дека не верува во рестриктивни мерки, бидејќи, како што кажа, вакцинацијата е единствениот излез.
Министерката за труд и членка на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ, ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека вакцинацијата нема алтернатива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грција се соочува со тешка демографска криза, младите остануваат дома до 30 година
Грција се соочува со сериозна демографска криза, покажува студија на статистичката агенција Елстат. Младите најчесто остануваат да живеат со родителите сè до својата 30-та година, бидејќи ниските плати не им дозволуваат самостоен живот и основање семејство. Ова, според психолозите, има негативно влијание и врз социјалниот живот и врз желбата за создавање нови семејства.
Според податоците на Евростат, Грција е прва во Европа по бројот на млади кои доцна го напуштаат родителскиот дом. Во Бугарија, на пример, младите заминуваат во просек на 28 години, пренесува БНР.
Кризата со домувањето дополнително ја влошува ситуацијата, а иако владата покрива една месечна кирија годишно за младите семејства, ниските примања и несигурноста ја намалуваат желбата за деца. Во последните 13 години, во земјата се родени четвртина милион деца помалку во однос на пред две децении.
Опозициската СИРИЗА предупредува дека демографската криза не може да се реши без сеопфатна стратегија.
Регион
Обилни дождови поплавија патишта и продавници во делови од Грција
Обилните дождови во Грција ги поплавија патиштата и продавниците. Полицијата ги повикува возачите да возат внимателно.
Јужниот дел од земјата беше најмногу погоден, особено планинските региони Загори и Џумерка, каде што патиштата беа непроодни. Пожарникарите мораа да спасуваат патници од поплавените автомобили. Беше спроведена спасувачка операција за спасување на двајца земјоделци и нивните стада.
Полицијата затвори еден од патиштата до пристаништето Игуменица. Сè е во вода, соопштија пристанишните власти.
Островот Крф е силно погоден од поројни дождови. Патиштата се како реки, што го оневозможува движењето, се жалат жителите на островот.
Многу куќи на приземје, ресторани и продавници се поплавени.
За денес, прогнозите се дека лошото време ќе продолжи, опфаќајќи го поголемиот дел од земјата и егејските острови.
Властите издадоа предупредување за внимателност при возење во областите Солун, Патра и Крит.
Регион
Исчезна 14-годишна тинејџерка во Загреб, мајката моли за помош
Четиринаесетгодишно девојче од Загреб е исчезнато од вчеравечер. Според мајка ѝ, таа последен пат била видена во близина на училишното игралиште во населбата Травно околу 20 часот синоќа. Оттогаш нејзиниот мобилен телефон е исклучен.
Веб-страницата nestali.hr објави дека тинејџерката исчезнала вчера и дека последен пат била видена на улицата Ивана Шибла.
Ванеса е родена 2011 година, хрватска државјанка и живее во Загреб. Висока е 165 сантиметри, има кафеава коса и кафеави очи.
Облеката што ја носела во моментот на нејзиното исчезнување не е наведена.

Хрватската полиција ги замолува сите граѓани што имаат какви било информации за исчезнатото девојче или ја виделе, веднаш да го пријават тоа во најблиската полициска станица или да се јават на телефон. Информации може да се достават и преку веб-страницата nestali.gov.hr.

