Македонија
Спасовски од Табановце: Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот во туристичка сезона е императив
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/941761db-8234-474b-8a9b-9a891f7ceedc.jpg)
Денеска, МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност заедно со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија почнаа со превентивната акција „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце.
Заморот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде што во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор, велат надлежните.
„За нас и за нашите колеги од соседна Србија, подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, вклучително и за време на туристичката сезона, е императив. Во 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година има 44 жртви, што е за 14 помалку во споредба со истиот период лани кога имало 58“, изјави Спасовски.
„Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите на моторни возила, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, почесто да прават паузи за одмор, оние што патуваат на подолги релации да запираат барем на секои 2 часа за да направат пауза од 15 минути, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди, кои се последица на заморот, најчесто завршуваат фатално. Покрај заморот, брзината и алкохолот се главните причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици“, апелира претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.
Директорот на агенција за безбедност на сообраќајот на Србија, Бранко Стаматовиќ, изрази задоволство поради заеднички спроведената кампања бидејќи голем дел граѓани од Република Србија транзитита низ Македонија во текот на летниот период.
„Покрај брзото возење и возењето под дејство на алкохол, исто така и управувањето возило кога сме заморни влијае во голема мера на безбедноста во сообраќајот. Исто така, важно е пред да тргнеме на пат задолжително да ја провериме техничката исправност на возилото“, истакна Стаматовиќ.
Една од целите на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот, како и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да пијат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор. МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно-превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.