Контакт

Регион

„Спутник“: Покајничката Карла дел Понте во книги се правда за сè што правела како главна обвинителка

Објавено пред

Изјавата на Карла дел Понте дека Косово е прерано признато и дека Харадинај не заслужува да биде премиер е уште една во низа покајнички изјави, пишува „Спутник“.

Политички аналитичари за „Спутник“ велат дека најголем дел од лицата кои се покајници, по оддалечувањето од највисоките политички функции на кои апсолутно лојално застапувале антисрпска политика, обично се занимаваат со некои лојални работи.

Пред да стане главен обвинител на Хашкиот трибунал, Дел Понте се занимавала со лојални работи во правосудството, и тоа може да биде една од причините, но и не мора да биде, велат политичките аналитичари. Таа, како што велат, додека била главна обвинителка на Хашкиот трибунал можела да влијае и на процесот на признавањето на Косово, со што ќе се поставело услов да нема признавања додека не се воспостави соработка со Трибуналот, кој би истражувал злостoрства предизвикани од ОВК.

Таа стана авторка на книги во кои се оправдува и објаснува за се што морала да направи како главна обвинителка на Хашкиот трибунал.

Регион

Од Франција депортирани 120 албански државјани

Објавено пред

Над 120 албански државјани, баратели на азил во Франција, доброволно се вратени вчера на меѓународнот аеродром во Тирана. Со тоа се избегнати можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој во шенген зоната.

Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната“.

Началникот Дема аупати апел до албанските граѓани да ги почитуваат правилата за движење.

„Апелирам до сите албански граѓани да не ја злоупотребуваат слободата на движење. Албанија е безбедна земја и како таква ја сметаат и земјите од ЕУ, поради што барањата за азил немаат никакви шанси да бидат одобрени, наведе Дема.
Во врска со можните последици за лицата кои ги кршат правилата за слободно движење во земјите на ЕУ, Дема нагласи дека „депортацијата од земјите на ЕУ е придружена со други дополнителни мерки, вклучително и неколкугодишна забрана за патување во шенген зоната“.

Пред три дена 100 албански граѓани и тоа од Франција (43), од Белгија (пет) и од Германија (52) беа депортирани бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на Унијата или барале азил. Неколку дена пред тоа со два чартер-лета беа депортрани 104 албански државјани од кои 15 од Франција, пет од Белгија и 84 од Германија. вт/ми/

Прикажи повеќе...

Регион

Медведев: Русија ќе ѝ пружи целосна поддршка на Србија за зачувување на интергитетот

Објавено пред

Русија е подготвена да пружи целосна неопходна поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, порача рускиот премиер, Дмитри Медведев обраќајќи им се на пратениците во српското Собрание, за време на неговата еднодневна посета на Србија. Тој рече дека му е драго што повторно се обраќа пред српското Собрание, каде се обратил пред десет години. Повод за посетата на Белград е одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

Нагласи дека Русија е против еднострано прекројување на мапата на Балканоти го повтори ставот на Русија за Косово, а тоа е резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244.

Тој рече дека денеска е можен само многуполарен свет на основа на почитување на националните интереси и немешање во внатрешните работи. Медведев истакна дека ЕУ го отфрлиле механизмот за соработка со Русија и дека не е сигурен оти поради тоа на некому му е подобро. Додаде дека Русија не се чувствува како казнета и дека не тагува за времето кога се одржувале тие состаноци, но дека има последици. Бизнисот во Европа и во Русија изгуби милијарди евра, кои е невозможно да се вратат, порача Медведев.

Тој укажа на тоа дека проблемите во Европа само се зголемуваат, споменувајќи ја мигранстаката криза и тероризмот. Вели дека настаните на Блискиот исток и во северна Африка покажале дека смената на несоодветните режими и наметнувањето на модел, предизвикуваат хаос на огромни територии.

Тој се заблагодари на Србија, за тоа што, без оглед на притисоците и европските процеси, не вовела санкции на Русија.

„Ние тоа го цениме“ рече Медведев.

Прикажи повеќе...

Регион

Медведев во Белград, безбедноста во градот на највисоко ниво

Објавено пред

Рускиот премиер, Дмитри Медведев, денеска ќе го посети Белград, а како што пренесуваат српските медиуми, ќе го чуваат над 5.000 полицајци.

Медведев доаѓа во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Според „Вечерни новости“, освен полицајци и припадници на тајната служба, Медведев ќе го чуваат и 30-ина телохранители. Како што се наведува, безбедноста во градот ќе биде подигната на највисоко ниво.

Предвидено е за 12 часа да посети дури осум локации. Првата станица на рускиот премиер по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, каде што ќе го дочека српската премиерка Ана Брнабиќ, ќе биде воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“, каде што заедно со Вучиќ ќе присуствува на демонстрација на воената способност на српската армија.

Се очекува Медведев да ја потврди поддршката на Србија во поглед на решавање на проблемот со Косово, а на дневен ред ќе бидат и неколку билатерални средби. Предвидено е разговорот меѓу Вучиќ и Медведев да трае 45 минути, пренесе „Новости“.

Медведев ќе го посети Калемегдан. Вечерва ќе присуствува на свечена академија за 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет2 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет3 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет3 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија3 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет3 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет3 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет17 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет19 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет20 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ20 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија1 ден

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија1 ден

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Досие