Регион
Србија испраќа 29 ловци „миг“ во Украина според договорот со Франција, тврди руска политичарка
Договорот меѓу Франција и Србија за купување 12 нови повеќенаменски борбени авиони за 2,7 милијарди евра содржи клаузула за трансфер на српските ловци „миг 29“ во Франција по што ќе бидат испратени во Украина, тврди поранешна потпретседателка на Думата, долниот дом на рускиот парламент.
„Ловците ќе им бидат предадени на Французите во декември. Очигледно е дека тие авиони потоа ќе одат во Украина. Наводно, Москва веќе е информирана за оваа точка од договорот“, напиша Елена Владимировна Панина на „Телеграм“.
Според јавно достапните податоци, Србија има во активна служба 14 ловци „миг 29“, а Панина тврди дека се подготвува трансфер на 36 авиони. Не е познато колку неактивни авиони „миг 29“ има Србија во складиште.
Малку е веројатно дека Белград има дозвола од руските власти за оваа акција, изјави Панина.
„Ова не е првпат српско оружје да биде доставено во Киев. Украина преку посредник добила муниција од Србија во вредност од 800 милиони евра. Се поставува прашањето на кој од ‘браќата’ Русија може да го продаде своето оружје, без ризик дека подоцна ќе пукаат во нас“, рече рускиот политичар.
Информациите за можното префрлање на српските авиони во Украина доаѓаат во време на 19. Бледски стратешки форум во Словенија, на кој учествува и српскиот премиер Милош Вучевиќ.
Украинците се словенски браќа на Србите, а Белград гласаше за сите резолуции во Обединетите нации на тема украински територијален интегритет и суверенитет, изјави денеска премиерот на Србија.
На панелот на Бледскиот стратешки форум, тој ја бранеше одлуката на Белград да не воведе санкции кон Русија, иако интеграцијата во Европската Унија подразбира усогласување со надворешната и безбедносната политика на таа алијанса. Србија е единствената земја кандидат која сè уште не го сторила тоа.
Вучевиќ рече дека Србија ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и додаде дека Белград не крие ништо поврзано со односите со Кина и Русија и дека има право на најдобар начин да ги штити националните интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.