Регион
Србија ѝ подари на Чешка 100.000 дози од „Фајзер“
Србија испрати донација од 100.000 дози од вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 во Чешка.
Вакцините беа ветени од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета во Прага кон средината на мај.
„Чешкиот воен авион штотуку презеде 100.620 дози вакцини на компанијата ‘Фајзер’ во Белград, кои ни ги дава Србија. Рекордно брза операција. Можеби се сеќавате: Вучиќ беше тука на 19 мај и за само 12 дена успеавме да ја завршиме работата вклучувајќи ја и дозволата на ‘Фајзер’“, објави чешкиот премиер Андреј Бабиш на „Твитер“.
Naše vojenské letadlo v Bělehradě právě vyzvedlo 100 620 dávek vakcín Pfizer, které nám daruje Srbsko. Rekordně rychlá akce. Možná si vzpomenete, že @avucic tu byl 19. 5. A my jsme za pouhých 12 dní dotáhli darovací proces, včetně povolení Pfizeru.
— Andrej Babiš (@AndrejBabis) May 31, 2021
Се очекува испораката да ја забрза вакцинацијата во Чешка, што сега е од интерес поради летните одмори и олеснувањето на рестриктивните мерки, додека епидемијата се смирува со само неколку стотици нови потврдени случаи на ден.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, при испраќањето на пратката изјави дека станува збор за хуман и солидарен гест на Србија, која досега им дала 102.190 вакцини на своите соседи и објави дека Србија се подготвува да испрати уште 10.000 дози вакцини во Црна Гора, Сараевскиот кантон и во Република Српска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

