Контакт

Регион

Српски камионџии претeпaни на границата меѓу Украина и Романија

Објавено пред

Шестмина српски камионџии ноќеска по полноќ биле брутално претепани на граничниот премин меѓу Украина и Романија, но од украинската страна, пренесува српски „Курир“.

„Србите биле претепани од украински возачи на шлепери, а додека ги удирале, им викале ’ова е Украина‘ и дека тоа е нивна граница“, пишува „Курир“.

Групата претепани српски возачи објаснила дека тоа се случило на границата меѓу двете земји, пред самиот влез во Романија, додека се враќале дома. Тројца од возачите добиле сериозни повреди.

Прашани што било повод за нападот, возачите рекле дека биле нападнати без причина. Тие посочиле дека на тоа место со денови чекаат српски, руски и белоруски шлепери за разлика од домашните, кои без проблем ја заобиколуваат километарската колона и веднаш ја преминуваат границата.

Амбасадата на Србија во Романија соопшти дека не била официјално известена за инцидентот на украинско-романската граница ниту од српските државјани ниту од романските власти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Објавено пред

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите од Западен Балкан и предупреди на ризиците со кои ќе се соочи ЕУ ако не испрати јасен сигнал за регионот.

„Неопходно е да се изнајде нов консензус за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, да се подобри политиката на проширување и да се подготви мајскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан“, рече Лајчак на Конференцијата за стратешките предизвици на ЕУ на Западен Балкан 2020 година, што се одржува во Берлин.

Тој смета дека ЕУ мора да го покаже своето влијание во регионот на Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Објавено пред

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше поворката во Тиват, повика на повлекување на законот.

„Нека падне овој закон за безаконие или нека падне владата што го донесе“, порача тој.

Podgorica

GOSPODE BOŽE MOJ, BLAGOSLOVI NAROD TVOJ!Rijeka sačinjena od hiljada i hiljada ljudi u litiji kroz Podgoricu!

Posted by Objektiv Story on Четврток, 16 јануари 2020

Литии во знак на протест поради законот беа одржани и во Подгорица, Пљевла, Никшиќ, Жабљак, Бар, Плужина, Беране и Бело Поле. Законот за слобода на вероисповед беше усвоен на крајот на минатата година. По изгласувањето на законот во Парламентот избија немири, при што беа уапсени 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца се покрената кривични пријави. Оттогаш илјадници луѓе протестираат, како во Црна Гора, така и во Србија и Република Српска.

Најспорна одредба во законот се однесува на проверка на легитимноста на сопственоста на верски објекти. Законот предвидува дека верските објекти и земјиштето изградени или стекнати од јавните приходи на државата или во сопственост на државата до 1 декември 1918 година ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици.

Прикажи повеќе...

Регион

Загадениот воздух во јужна Европа предизвика протести и забрана на возила

Објавено пред

Европските градови се соочуваат со опасно високо ниво на смог, предизвикан од подолгиот период на суво и сончево време и умерен ветер, пренесува Би-би-си. Изминатите денови најзагадени се главните градови на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Во Босна и Херцеговина демонстранти со гас-маски излегоа на улиците барајќи акција од владата. Активисти за животната средина ја опишуваат ситуацијата како итна. Стотици луѓе со маски на лицето се собраа во Тузла со барање за итна акција за подобрување на квалитетот на воздухот. Во Сараево властите одржаа вонредна седница на која расправаа за преземање мерки против загаденоста на воздухот.

Повремена забрана за дизел-возилата е обајвена во поголем дел од италијанските градови, вклучително и Рим, во обид за намалување на загаденоста. Сите возила на дизел се забранети за време на најголемиот метеж, а другите возила што загадуваат се целосно забранети.

На населението му се препорачува да ги посети колку што може почесто планините, каде што воздухот е почист.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 час

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 час

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет2 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион2 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет15 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија20 часа

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа20 часа

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ22 часа

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија22 часа

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ23 часа

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет23 часа

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ23 часа

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион1 ден

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Свет1 ден

Седум членови од Претставничкиот дом ќе го водат случајот против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот.  Со тоа се создадени услови...

Свет2 дена

(Видео) Вулканот Таал направи пустош на Филипините

Ерупцијата на вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, а местата во непосредна близина ги покри со пепел. Аеродромот...

Свет2 дена

Путин го предложи Михаил Мишустин за нов премиер на Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, пред државната Дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на Руската федерална даночна служба. „Претседателот...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Очекуваме одлука за почеток на преговорите со ЕУ пред самитот во мај

„Влегуваме во важен период во кој очекуваме сериозни исчекори напред кон реализација на една од нашите суштински стратешки цели –...

Естрада2 дена

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Холандија

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија. За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен...

Македонија2 дена

Дополнително покачување на платите од 5 отсто ќе добијат и здравствените соработници

Дополнително зголемување на платите од 5 отсто ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Покачувањето на платите на здравствените...

Досие